19 Мај, 2024
0.0265

Словенците гласаат, пријателот на Орбан најблиску до победа

Објавено во: Балкан 03 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Словенците денес, по осми пат од осамостојување, ќе излезат на парламентарни избори, на кои ќе гласаат за 90 членови на Државниот збор а соред анкетите, фаворит е Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, десничарски конзервативец со поддршка од унгарскиот премиер Виктор Орба, познат по критиките за популистичко владеење.

Предизборните анкети покажуваат дека мнозинството од 1,7 Словенци со право на глас се незадоволни од четиригодишниот мандат на лево-ориентираната коалиција предводена од Миро Церар.

Сите анкети покажуваат дека најмногу мандати во парламентот ќе добие СДС, со што ќе се отвори можност за формирање влада на десен центар. Но аналитичарите истакнуваат дека коалицискиот потенцијал на Јанша е релативно слаб, бидејќи зависи од изборниот резултат на демохристијанските Нова Словенија и Словенечка народна партија (СЛС), кои може и да не влезат во парламентот.

Според резултатите од агенцијата Медиана, партијата на Јанша има поддршка од 16,3 отсто, а на второ место е Листата Маријан Шарец (ЛМС) со 7,6 отсто, а трети се Левица на Лука Месец со 6,8 отсто доверба, прескокнувајќи ги социјалдемократите кои сега уживаат 5,5 отсто доверба.

Партијата Модерен центар (СМЦ) на актуелниот премиер Миро Церар има поддршка од 4,8 отсто.

Изборниот праг во Словенија изнесува четири отсто.


Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел