Словенците плаќаат ако им доведете работник
Објавено во: Финансии, Балкан 12 Февруари, 2019
Економијата на Словенија заснована на извоз, кој сочинува 80% од БДП мака мачи да најде работници.
Дел од фирмите веќе имаат и стимулативни мерки ако им доведете работник.
Во фирма за заварувачи, доколку им доведете работник, плаќаат 250 евра по работник.
Со години Словенците губеле странски инвестиции, а истите ги добивале Чесите, Полјаците, и Унгарците.
Последните 4 години износот на странските инвестиции е над 4.5 милијарди евра.
Во земјата со 5% невработени, само една странска инвестиција отвора 1.000 работни места.
Минималецот е 640 евра, а од 2021 година ќе биде 730 евра. Ако продолжат да привлекуваат странски инвестиции, ќе имаат и повисок животен стандард.