18 Мај, 2024
0.3393

Словенија ги продолжи антикризните мерки, Црна Гора со нов пакет економска помош

Објавено во: Економија 24 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Владата Словенија ја продолжи важноста на субвенциите за плати, а се очекува околу 24.000 работници да добијат дополнителен приход на таа основа во август, најави министерот за труд, семејство и социјална политика Јанез Циглер.

Владата донесе одлука да ја продолжи мерката, која беше воведена во април, во екот на кризата предизвикана од пандемијата на вирусот корона, затоа што проценува дека на работодавците сè уште им е потребна.

Повеќе од 24.000 работници постојано чекаат работа, затоа што во некои индустрии нема закрепнување или не е доволно силно за работодавците да можат целосно да ги вработат работниците, рече Циглер, истакнувајќи дека оваа мерка може да се продолжи најмногу до крајот на септември.

Според првите два анти-кризни пакет-закони, повеќе од 275.000 вработени биле на листата за субвенционирање до крајот на мај, а според третиот,  вклучени се скоро 65.000 вработени.

До 10 јули, Службата за вработување исплатила 242,5 милиони евра обештетување на работниците кои привремено чекале за работа заради виша сила, соопштија од владата. Невработеноста започна да паѓа во јуни и 89.300 помалку луѓе сега се регистрирани во бирото за вработување отколку во вториот квартал од оваа година.

Црногорската влада истовремено усвои трет пакет економски мерки за поддршка на граѓаните и економијата, односно за ублажување на ефектите од пандемијата на коронавирус, во вредност од 1,22 милијарди евра. Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, рече дека пакетот за помош ќе се реализира во период од четири години и нема да има закана за стабилноста на финансискиот систем.

"За да се спроведе планираната економска стратегија, Владата подготви цел спектар на законодавни интервенции. Тоа вклучува усвојување на два нови закони за иновации и стимулации за развој на истражување и иновации, но и значителни интервенции во однос на измените на уште две важни законски текстови, односно законот за данок на додадена вредност и енергија “, рече Марковиќ.

Целта на краткорочните мерки е да се обезбеди поддршка на секторот за туризам во износ од 83,35 милиони евра, стимулации за земјоделство и риболов за инвестиции во вкупен износ од 89,4 милиони евра, подобрување на конкурентноста на економијата преку 17 програмски линии и давање десет милиони евра грантови само оваа година “, рече Марковиќ.

Тој додаде дека мерките вклучуваат поддршка на економијата преку субвенции за плати, вклучително и во туризмот во вкупен износ од 16,2 милиони евра, како и поддршка на најранливите категории на населението во висина од 1,8 милиони евра.

„Повторно ќе ги субвенционираме платите и ќе ги спасиме нашите вработени, ќе ги репрограмираме кредитите и ќе ја намалиме стапката на данок на додадена вредност [ДДВ] од 21 отсто на седум проценти за подготовка и сервирање на храна и безалкохолни пијалоци во сите угостителски активности, за период од една година“, рече Марковиќ.

Тој рече дека, имајќи ги предвид потребите на најранливите категории граѓани, се обезбедува еднократна финансиска помош од 200 евра за корисниците на материјална необезбедените семејствата. Тој најави дека Владата ќе предложи измена на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој ќе им се овозможи на корисниците од најниската пензија планираното покачување од 13 проценти да им се исплати ретроактивно од 1 јануари.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа