Словенија размислува да ја тргне ограда долж границата со Хрватска
Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2015 19:21
Словенија изјавила дека размислува за сите можности, вклучувајќи го укинувањето на ограда на границата со Хрватска, ако европските лидери не успеат да се договорат за заедничка европска политика кон миграционата криза на зголемен прилив на луѓе кон земјата во последните неколку дена.
Приливот на луѓе во Словенија започна минатата сабота, откако Унгарија ја затвори својата граница со Хрватска. Според словенечкиот премиер Миро Церар вкупно 50 400 лица влегле во земјата од тогаш и во моментот на нејзина територија има 10 300 лица.
„Ние не можеме да прифатиме толку бегалци за еден таков мал временски период ... Едноставно е неподносливо“, изјавил Церар. На прашањето дали има можност за изградба на ограда на границата тој изјавил: „Ние разговараме и за овие опции“.
Утре лидерите на неколку земји од Европа и Балканот треба да се состанат во Брисел за да разговараат за последниот развој на имиграциската криза.
Денеска над 4.000 луѓе успеале да ја прескокнат оградата на граничниот премин Шентил на границата помеѓу Словенија и Австрија и тргнале пеш кон австрискиот град Грац.
Австриската полиција ноќеска ги затворила сите премини поради огромниот миграциски притисок. Од утрово на територијата на Словенија се наоѓаат над 40 000 мигранти, соопштила полицијата во Љубљана. Огромен дел од нив се наоѓаат под шатори во Шентил и Горна Радгони.
Според првичните податоци ноќеска од Хрватска во Словенија пристигнале најмалку 6.000 луѓе.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




