20 Декември, 2025
0.5325

Словенија се свртува кон приватните безбедносни компании, за да го совлада приливот на имигранти

Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2015 10:32

Добивај вести на Viber

Словенија планира да ги користи услугите на приватните безбедносни компании, за да се справи со приливот на имигранти кои минуваат низ земјата на пат кон северна Европа, соопшти висок функционер, цитиран од „Ројтерс“.

Бостијан Шефич, словенечкиот државен секретар задолжен за внатрешни работи, изјавил дека помеѓу 50 - 60 вработени од такви фирми ќе и помагаат на полицијата. Повеќе од 76 000 имигранти пристигнале во Словенија од Хрватска во последните 10 дена.

Над 9000 лица, баратели на азил, се наоѓаа во Словенија а во понеделник се во очекување да преминат кон Австрија. Уште илјадници се на пат кон Љубљана преку Србија и Хрватска.

Вонредната мерка беше прогласена од премиерот Миро Церар, кој ја нарече мигрантската криза најголемиот предизвик во историјата на ЕУ.

Словенија, која е најмалата држава од балканскиот правец на бегалците, веќе прибегна кон услугите на војска, за да им помогне на полициските службеници. Други држави членки на ЕУ ветија дека ќе испратат во земјата уште 400 полицајци до крајот на неделава, да помогнат со приливот на имигранти.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација