04 Мај, 2024
0.0266

Случај Фени: Доверителите го одобрија планот на ГСОЛ

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Собранието на доверители го прифати денеска планот за реорганизација на Фени кој го достави ГСОЛ. Ова е втор пат планот на инвеститорот да го одбрат доверителите

Од ГСОЛ велат дека со денешното гласање,ФЕНИ Индустри е само еден чекор од конечното повлекување од стечај. По позитивното гласање од Собранието на доверители, судот исто така се очекува да го потврди планот со одлука.

"Помина една година откако Фени отиде во стечај, а во изминатите 10 месеци откако ГСОЛ/ Еуроникел потпиша договор за обработка на никел, не само што обезбедивме континуирано функционирање на фабриката, туку и во пракса покажавме дека го поседуваме потребното знаење, средства и ресурси кои се неопходни за фабрика како ФЕНИ да преживее, но уште поважно да продолжи да ја развива и да ја креира својата иднина", изјави Маркос Камхис, директор на ГСОЛ.

Камхис вели дека со реализацијата на планот за реорганизација ќе започне проширување на производството, почнувајќи од отворањето на втората печка и неопходната надградба на производството.

"Нашиот план ќе се фокусира на зголемување на производството, отворање нови пазари, обезбедување сигурност за вработените и враќање на ФЕНИ на европската и светската карта како еден од најголемите процесори на фероникел", додаде Герасим Кујунџиев, директор на Еуроникел ДООЕЛ Скопје.

Фактор веќе објави дека денеска судот во Велес повторно одлучува за планот за реорганизација на „Фени“, откако таква одлука донесе Апелациониот суд.

Вчера тужба против „Кунико Рисорсис“ од Холандија, „Кунико Маркетинг ФЗЕ“ од Обединетите Арапски Емирати и против Јусуф Миракхмедов и Маниш Агарвал, одговорни лица во Фени поднел стечајниот управник на комбинатот Мирослав Анастасиевски. Според тужбата тие го оштетиле „Фени“ за 51 милион долари и со тоа придонеле компанијата да оди во стечај.



Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски