19 Јануари, 2025
0.0257

Случајот Телеком се сели во Лондон

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Меѓу 5-ти и 7-ми ноември во Лондон тројцата директори на Маѓар Телеком, кои се обвинети дека корумпирале функционери во претходната македонска Влада ќе се соочат со претставници на американската Комисија за хартии од вредност.

Одлуката дека тројцата обвинети Елек Штрауб, Тамас Морваи и Андраш Балог  ќе мора да се соочат со претставниците на обвинителите од СЕЦ и да дадат исказ, пред неколку дена ја донел судијата Ричард Саливан, од Јужниот окружен суд во Њујорк.

На соочувањето кое ќе се организира во Лондон, нема да присуствува претставник на судот, но исказите ќе може да се употребат во текот на судењето. Адвокатите од Вашингтон и Њујорк, кои ги бранат тројцата обвинети унгарски директори, изјавиле дека тие ќе се бранат со молчење, на што имаат право според американскиот Устав.

- Обвинетите велат дека ќе се повикаат на своето право да се бранат со молчење во сите, освен во најпрвичните прашања. Комисијата за хартии од вредност планира да го предизвика ова нивно право, изјавиле претставниците на СЕЦ, кои веќе со години го водат случајот против Маѓар Телеком.

Судијата Саливан постави рок до крајот на јануари 2015 година за завршување на процесот, поради што се очекува дека ова сослушување нема да биде последно. По сослушувањето, почнува фазата на изнесување на доказите пред судот. Во СЕЦ и во Јавното обвинителство на САД одбиваат да зборуваат за овој случај и да изнесат повеќе детали за карактерот на доказите кои ги поседуваат за да го докажат потплатувањето на македонската Влада во 2005 година, а засега и обвинетите Штрауб, Морваи и Балог се бранат со молчење.

Адвокатите на тројцата обвинети побарале соочувањето да се организира во Будимпешта, за нивните клиенти да се поштедат од долгиот пат до Њујорк или Лондон. Адвокатите наведуваат голем број лични причини на тројцата обвинети зошто не можат да дојдат во Њујорк.

- Патувањето од Будимпешта до Њујорк подразбира најмалку 15 часа летање во една насока, потреба за прилагодување на нова временска зона и време за состаноци со претставниците. Г-дин Штрауб има 68 години и е пензиониран неколку години и за него би било голем товар да се одвои од семејството и обврските и да патува до САД само за да се изјасни дека нема да сведочи во овој момент. Г-дин Морваи има деловни обврски, а неодамна му се роди син, при што е обврзан да се грижи за детето во текот на ноќта. Отсуство од една недела би било голем товар за него, пишува во барањето на адвокатите Роберт Булер, Вилијам Саливан и Мајкл Кониг, кои ги застапуваат тројцата обвинети Унгарци. Андраш Балог се повикал на обврски во комуналната компанија во која сега работи, како и на смртен случај во семејството на сопругата, како оправдување зошто не може да патува до Њујорк.

Тројцата менаџери на Маѓар Телеком, компанијата – ќерка на германскиот Дојче Телеком, која ги купи Македонски Телекомуникации, се обвинети дека во 2005 година исплатиле мито на високи претставници на македонската Влада, на водечки претставник на владејачката партија СДСМ, како и на главниот албански коалициски партнер ДУИ, со цел да спречат спроведување на законската обврска на Владата да дозволи влез на нови телекомуникациски оператори во земјата, кои како конкуренција на доминантните Македонски Телекомуникации би можеле да преземат дел од пазарот и да ги соборат цените за корисниците.

Ова е втор процес кој СЕЦ го води во Њујорк против Маѓар Телеком и Дојче Телеком – во првиот процес унгарската и германската компанија се согласија да платат 95 милиони долари.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ