„Смешна“ или реална пресуда: Доживотна забрана за политика доби Наваз Шариф
Објавено во: Свет 13 Април, 2018
Шокантна одлука на Врховниот суд на Пакистан. Судот одлучи да му забрани на поранешниот премиер Наваз Шариф до крајот на животот да се занимава со политика.
Тој бил отстранет од политиката откако бил обвинет за корупција по скандалот со „Панамски кутии“.
Министерката за информации, Мариам Аурангзеб ја окарактеризира оваа пресуда како „смешна“.