01 Септември, 2024
0.0234

СМРТОНОСНАТА ДРОГА „ЗОМБИ“ ПРИСТИГНА ВО РЕГИОНОТ: Предозирања во Хрватска со супстанцата која е 50 пати поопасна од хероинот

Објавено во: Балкан 01 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Дрогата „зомби“ повеќе не е само американски проблем. Станува збор за фентанил - дрога 50 пати поопасна од хероинот, а првите предозирања се забележани и во Хрватска, па предупредување издал и Хрватскиот завод за јавно здравје.

„Првата средба со фентанил ја имавме на туристички настани во текот на сезоната кога странците носеа фентанил со себе. Нормално, такво нешто немаше во Република Хрватска, но сега новото е што го имаме првото предозирање со фентанил“, изјави Крунослав Чапак, директор на ХЗЈЗ.

Медицинскиот фентанил постои во Хрватска. Се користи за силна болка во терминалната фаза на болеста. Се пропишува според строг, посебен протокол.

„Нема нелегално производство и дистрибуција на фентанил во Република Хрватска. Досега немало заплена, а она што се случувало во неколку наврати е злоупотреба на легално произведен фентанил кој се користи како лек“, објасни Жељко Петковиќ, помошник директор на ХЗЈЗ.

Се смета за најсмртоносниот лек бидејќи и најмалите количини се опасни. Тоа е синтетички опиоид, а фентанилот е 50 пати посилен од хероинот.

„Го видовте последниот случај и постои сомнеж дека е резултат на конзумирање на тој вид на дрога, ние се уште не сме го заплениле тој вид дрога, но не треба да бегаме од фактот дека ќе го имаме тој вид на дрога запленета во блиска иднина“, изјави Никола Милина, началник на полицијата.

„Слушнавме вознемирувачки информации за неговата опасност. Затоа ги повикувам сите млади луѓе и оние кои доаѓаат во контакт со оваа супстанција, таа е исклучително опасна и треба да се избегнува колку што е можно“, рече тој.

И најмалите количини се фатални.

„Со нелегално произведен фентанил, кој најчесто го има во прав, може да се најде и во таблети, проблемот е што не се знае во каква концентрација се користи. Ако зборуваме за еден грам фентанил, од него може да се направат 600 дози кои зависник би можел да ги искористи“, објасни Жељко Петковиќ.

Зависниците често го консумираат со други лекови - без да знаат која е дозата. Не е чудно бидејќи бројот на смртни случаи во Америка од фентанил достигна историски размери - за само една година од опасната дрога починале 100.000 луѓе, објави Дневник.хр.

ФОТО: Unsplash

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ СЕ ПРАВДА ДЕКА НЕ Е БЛИЗОК СО ПУТИН: Тврди дека најмалку две и пол години не разговарал со него

ВУЧИЌ СЕ ПРАВДА ДЕКА НЕ Е БЛИЗОК СО ПУТИН: Тврди дека најмалку две и пол години не разговарал со него

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА ПОД ВОДА: Бура ја зафати Атина

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА ПОД ВОДА: Бура ја зафати Атина

ПО УПАДОТ НА ПРИШТИНА НА СЕВЕРОТ: Каков став зазема ЕУ?

ПО УПАДОТ НА ПРИШТИНА НА СЕВЕРОТ: Каков став зазема ЕУ?

МНР НА СРБИЈА: Mеѓународната заедница итно да го заштити српскиот народ на Косово

МНР НА СРБИЈА: Mеѓународната заедница итно да го заштити српскиот народ на Косово

(ВИДЕО) ДРЖАВИТЕ ВО РЕГИОНОТ ГО НЕМААТ: Хрватска купува моќно американско оружје

(ВИДЕО) ДРЖАВИТЕ ВО РЕГИОНОТ ГО НЕМААТ: Хрватска купува моќно американско оружје

АКЦИЈА ВО СЕВЕРНО КОСОВО: Затворени се пет паралелни српски општини

АКЦИЈА ВО СЕВЕРНО КОСОВО: Затворени се пет паралелни српски општини

МИЛАНОВИЌ ЗА СРБИЈА: Денес тие се двојно понеразвиени, а повеќе од двојно поголеми од Хрватска

МИЛАНОВИЌ ЗА СРБИЈА: Денес тие се двојно понеразвиени, а повеќе од двојно поголеми од Хрватска

Кој е господар на балканското небо? Оваа држава има повеќе од 200 воени борбени авиони - ловци!

Кој е господар на балканското небо? Оваа држава има повеќе од 200 воени борбени авиони - ловци!

МАКРОН СТИГНА ВО БЕЛГРАД: Србија ќе купи авиони Рафал од Франција

МАКРОН СТИГНА ВО БЕЛГРАД: Србија ќе купи авиони Рафал од Франција