19 Јануари, 2025
0.0303

Смрзнати и гладни, студентите во домот „Гоце Делчев“

Објавено во: Мои пари 23 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Гладни, смрзнати и отсечени од светот. Вака накратко може да се опише состојбата на студентите кои престојуваат во скопскиот студентски дом „Гоце Делчев“. Една од жителките на домот, студентка на скопскиот универзитет „Кирил и Методиј“ за Фактор вели дека годинава ниту еднаш не е пуштено парното греење, а надлежните не дозволуваат внесување на греалки или други грејни тела. Студентите се жалат дека поради едноличната храна во студентската менза, и немањето на продукти во студентската кантина, осудени се на седење во студени соби, без можност да со сварат кафе или чај. Не дај Боже“ ти се пие кафе, чај или пак супа, затоа што, постоечките решоа во речиси ниедна соба не функционираат, а најверојатно и ќе се разболиш со оглед на тоа дека од прозорците има огромен провев, а за парното греење да не почнувам како, еве сме 21ви, а воопшто не е пуштено досега, а и кога би било, не би се почувствувала некоја особена разлика – вели жителка на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Студентите велат дека покрај студентската менза остануваат гладни, бидејќи секој ден на менито има грав, пире, и некои  остатоци од компир и стврднат ориз. Доколку студентите сакаат да купат нешто дополнително и тоа не им е овозможено, па спас мораат да бараат во сендвичари или продавници надвор од домот. Велат во бифето, коешто би требало да обезбедува наводна скара и сокови, има грав и10тина парчиња месо, кои треба да се поделат на над 1000 студенти. Бонската продавница, којашто треба да функционира на принцип на вистинска продавница, само со бонови, е опремено единствено со продавачка која од работа извршува - пиење кафе и пушење цигари, бидејќи за продавање - нема ништо! Не дека лани нешто беше посјајно, меѓутоа, не бевме гладни секој ден и беа далеку подобри услови за разлика од сега  – вели жителка на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Фактор не успеа да добие одговор од надлежните за поплаките на студентите. Иако стапивме во контакт со директорката на Студентските домови Даниела Темелковска таа одговори дека е на состанок и дека не може да зборува. Темелковска вети дека ќе прати адреса од  Електронската пошта за да пратиме прашања но сепак не го направи тоа. Нема утеха ниту онлајн, интернетот само за привилегирани Студентите велат дека надлежните им вршеле и контроли каков интернет користат. Наместо бесплатен интернет кој би требало да е обезбеден од министерството за здравство, велат интернет им продавале членови на советот на студентскиот дом за кој им било кажано дека е единствен овластен да се користи. Велат дека студентскиот дом на Фејсбук отворил група за студентите но не биле дозволени негативни коментари. Имаме наводна, отворена, група на фејсбук од студентскиот дом, којашто е наменета за комуникација помеѓу студентите, ама, кога пред 2 часа едно девојче се изјасни дека не е задоволна од погореаведеното, постот беше избришан и се постави забрана за понатамошно постирање во групата  – вели жителка на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Претседателот на студентската организација Кирил Спировски за Фактор вели дека е запознаен со проблемите на студентите со парното, но дека не знаел за проблемите со храната и интернетот. Знаеме за проблемот со парното, и реагиравме до надлежните да се реши поскоро. Што се однесува на проблемите со храната и наводите дека некој им продава интернет на студентите, за тоа прв пат слушаме. Во студентскиот дом има пристап до бесплатен интернет овозможен од државата и сите студенти би требало да можат да го користат – вели Кирил Спировски, претседател на ССУКМ. Проблемите на студентските домови не се нови. Според информациите на Фактор од другите домови, речиси иста е состојбата и во другите скопски студентски домови. Иако проблемите со греењето, старите објекти кои се распаѓаат не се нови, надлежните и минатите министри за образование ветуваа дека проблемите ќе ги решат со изградба на нови студентски домови или со реновирање на постојните. Од ова досега е реновирана една зграда со сто легла во домот ''Стив Наумов“ во скопска Автокоманда, додека изградбата на нов дом е почната од 2011 година. Иако надлежните ветуваа изградба за една година објектите во домот сеуште не се пуштени во употреба. С.Р.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ