16 Мај, 2024
0.0271

СО АВТОМОБИЛ НА ПАТ: Правила ширум Европа кои треба да ги почитува секој возач!

Објавено во: Стил 23 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Летото уште трае, а многу од вас планирале да одмараат надвор Македонија. Ако планиравте да патувате во Европа со автомобил, одвојте време и запознајте ги особеностите на патните правила во различни земји.

Секој возач е обврзана да биде запознаен со Правилникот на движење во соодветната земја. Незнаењето не е оправдување, а правилата за возење се разликуваат значително во цела Европа.

Во продолжение ви пренесуваме кратки совети подготвени од „Goodyear“, кои се базирани на истражувања на „Enterprise Rent-A-Car“.

Франција и Монако

Долна граница на брзината при влажни коловози - во дождливо време има ограничување на брзината на автопатите која се менува на 110 км / ч

Незаконски е да се вози со навигација, која ја покажува локацијата на радарите

Германија

Незаконски е да се претркува школскиот автобус, кога деца слегуваат од него Деца до 3 годишна возраст треба да се возат на задните седишта Ограничувањето на брзината на автопатите е 130 км / ч Автомобилите задолжително треба да имаат зимски гуми во зимските месеци

Австрија

Ограничувањето на брзината на автопатите е 130 км / час Задолжително е да се формира итен коридор во сообраќајни автопати или на пат со две ленти. Забрането е возачите да користат сирена во Виена во близина на болници.

Италија

Ограничувањето на автопатите е 130 км / час Возачи, кои добиле дозвола пред 3 години, не треба да надминуваат 90 км / час на пат со две ленти и 100 км / час на автопат

Швајцарија

Ако влечете приколка, не ја пречекорувајте брзината повеќе од 80 км / час Рефлексирачкиот триаголник треба да се држи на лесно достапно место Пешаците се со предност и очекуваат автомобилите да им застанат на пат Треба да имате винетна налепница Не е дозволено деца под 13 годишна возраст да се возат на предното седиште

Шпанија

Ограничувањето на брзината на автопатите е 120 км / час Секој кој е оштетен на автопат, задолжително треба да носи Рефлексирачки елек Ако возите со очила (со диоптер), треба да имате екстра пар во автомобил