Со автомобил влетале во маркет во скопско Црниче и го украле сефот

Објавено во: Македонија 01 Април, 2024 16:43
Разбојници со автомобил ги скршиле стаклата на маркет во скопско Црниче и откако влетале во објектот го украле сефот.
Маркетот бил ограбен ноќеска, а од упадот со автомобилот била демолирана вратата и искршени излозите.
Алармот се запалил, но разбојниците го земале сефот на маркетот и избегале со црвен автомобил од типот караван.
- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинетите за двојното убиство требало да киднапираат 40 годишна жена, а Вања ја грабнале по грешка

САМО СЕДУМ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ИМААТ ЧИСТ ВОЗДУХ: Македонија ја нема таа привилегија

ПАЛЧО ИМАЛ СПИСОК НА ЛИЦА ЗА КИДНАПИРАЊЕ: На неа се нашле имотни лица

ОСПОРЕНИ СЕ ОДРЕДБИТЕ НА МЕТОДОЛОГИЈАТА: Уставен суд поведе постапка за Пописот

ИНЦИДЕНТ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА: Лекари се степале во операциона сала

ПАЛЕВСКИ ЈА ПРАШУВАЛ ВАЊА КОЛКУ СТАНОВИ ИМААТ: Таа му рекла од таткото да не бараат пари, туку од нејзината мајка која душата ќе ја даде за нив

ОБВИНИТЕЛКАТА СЕ РАСПЛАКА НА СУДЕЊЕТО: Палевски десет дена следел и фотографирал жена која требало да ја киднапираат

Газдата на „Пуцко петрол“ добил домашен притвор зошто бил болен и татко на четири деца

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал обвинител кога слушнал за акцијата со мазутот
