Со багери и автобуси на протестот „За заедничка Македонија“
Објавено во: Македонија 06 Април, 2017
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска протестира во Скопје.
Дел од учесниците на протестот се приклучија со багери и автобуси украсени со македонски знамиња.
Толпата се движи според претходно утврдената рута, од Влада кон Собранието на Македонија.
Протестите траат веќе втор месец, а граѓаните кои протестираат се против Тиранска платформа во Македонија со која според нив ќе се воведе двојазичност, федерализација и поделба на Македонија.
„За заедничка Македонија“ денеска на социјалните мрежи објави итен повик до граѓаните со кој ги повикува да бидат на готовс и секаква реакција.
Причина за овој повик, велат е насилниот обид на пратениците од СДСМ да се избере спикер во Собранието.
Наведуваат дека за СДСМ е поважна власта од јазикот, името, знамето и носењето на земјата на патот кон федерализација.