18 Април, 2024
0.0260

Со брезови метли избришано

Објавено во: Колумни 27 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Колумна објавена на двонеделникот „Свет“ пред скоро 25 години - пријатно патување во минатото на Скопје!

Модерното време предизвика „изумирање“ на две важни „институции“ на градското живеење на Скопје, кои како реликт на некои минати периоди долго време опстојуваа и тврдоглаво им се спротивставуваа на сите предизвици. Генерации и генерации скопјани израснуваа и станаа луѓе, како што се вели, на познатото скопско корзо и на прочуените игранки. Ќе се обидеме да фрлиме само еден зрак сеќавање врз 60-те и раните 70-ти, кога полека, но сигурно, почна да гасне оваа традиција.

Неповратно, а на нејзино место времето си донесе некои нови собитија, придобивки на некоја цивили-зација, што никогаш нема да го понесат предзнакот на традицијата и да ја добијат патината на овдешната атмосфера и начин на живот.

Корзото, најверојатно, е медитерански изум или дошло заедно со некои завојувачи или ослободители. Тоа е работа, во крајна линија, на етнолози или на некои други стручњаци. Без да го одгатне прашањето за неговиот настанок и преселба на овие простори, мојата генерација дојде на веќе развиено и „разработено“ корзо, во годините пред земјотресот.

На корзо се одеше и зиме и лете. По дожд и по снег. По мраз и пеколни горештини. Од доцна попладне до последните автобуси - некаде околу 22 часот. Оваа бес-крајна процесија од шетачи од повеќе возрасни популации си имаше свој плац, строго одредена патека и начин на однесување. Нешто како „кодекс“ или „статут“. Го паметиме од улицата „Маршал Тито“- од Старата железничка, покрај Католичка црква, пред „Пелистер“, па се до плоштадот, покрај „Стоковна“ и така во круг. По двата тротоара, по строго одреден ред и поредок. Корзираа цели семејства - родителите фатени под рака напред, а децата зад нив потскокнуваа, броејќи ги месинганите плочки во гранитната калдрма што требаше да го одбележат коловозот и да го поделат на две страни лева и десна, за ретките возила дење - навечер улицата беше затворена за сообраќај. Корзото, безмалку, беше едно од ретките места, каде што безброј млади ги сретнале избраниците на своето срце. Долго се стои на работ на бескрајната колона што се врти со часови пред тебе додека не се „кибне“ објектот. Потоа со денови се одвива мачен процес на „кибење“, дофрлување (со разни ‘шц варијанти) и слатко стравување дали тој или таа ќе се појави и утре, дали и натаму е сама-сам во редот, дали ќе има доволно храброст да се „пријде“ или тоа ќе го сториш со посредник.

Корзото беше и модна ревија на облеки и фризури. Место кон кое водеа сите патишта „пред кино - по кино“. Пред школо, „после школо“. Се излегуваше, значи, и со чанта, со параман леб и со сладолед во рацете - како кој. Но, и со ќесиче „семки“, чии остатоци доцна навечер ги метеа со брезови метли, за утревечер повторно да бидат произведени купишта ѓубре, како по некаква полесна пеша-диска битка или по фудбалски натпревар. Едно време корзото се подели на две - од десната шеташе „работничка“ младина, од лево студентарија, гимназијалци и други сред-ношколци. Тепачките, најчесто, меѓу овие групации, беа секојдневна појава.

Пред „Стоковна“ стоеја кандидатите за женачка и мажачка, на кои годините веќе им беа оставиле видливи траги. Едно време корзото беше и на кеј, од Камениот мост па се до комплексот на банките, сега, а тогаш почеток на Маџир маало и Ново маало. Сепак, се чини, својата лебедова песна ја испеа пред Кооператива и на улицата „Максим Горки“, покрај „Грација“.

Веќе стасуваше времето на срамежливите диско-клубови, се одеше во „Кермес“, во Клубот на писателите кај „Јоле и Почу“, во „Арапска куќа“, на Кале (на „стриптиз“), на Средно Водно -„кај глувите“, во Олимпис-ко Село. Одеднаш почнавме да не се гледаме секојдневно и на корзо. Се слушавме по телефон и директно се наоѓавме таму каде што требаше да се оди, „у излаз“. Едноставно, од списокот на знаменитостите беше избришано она што не беше впишано во ниеден туристички водич -корзото.

Игранките, не му даваа шмек на градот, туку беа нешто незамисливо. Дали се продолжение на традицијата "сред село" да се вие оро во неделите или празник, што ја донесле се помногубројните дојденци во Скопје или беа копија на некои слични собирања по светот -помалку е важно сега кога се поминати години и години од тие возбудливи собирања на многу „изданоци“ скопјани, кои со музика и игра го живееја среќниот дел од животот. Започнале во „Учителска", „Соколана" по различни сали во "Офицерски дом" и во "Работнички дом" за да ги затек-неме и доживееме во "Технометал" во нас. Пролет -"про-леќе", "у Офицерска кафана", гимназијата Георги Димит-ров, "Фискултурно"... Игранките беа масовно посетувани, ефтини забави за младината на Скопје и не само на неа. Таму срамежливо навлегуваа новите светски музички теко-ви, кои со Битлсите и другите значеа тотален пресврт во многу други области, а најмногу во музичката.

Голем број значајни и незначајни музичари и пејачи, кои подоцна стануваа и "ѕвезди", ги имаа своите почетоци на игранките, "симнувајќи" песни од ливерпул-ските долгокоси момчиња и на Џегер и компани. Инстру-ментите најчесто беа преправани -од обични во електрични гитари, дупнати па крпени тапани ("бубњеви"), преправени засилувачи и звучни кутии ("лампаши") кои во секој момент можеа да откажат и да создадат дополнителни нервози кај и онака несигурните музички исполнители, маскирани во позајмени фармерки и со долги, набрзина израснати коси. С беше копија на Запад, но на сите им се допаѓаше и одеше како што одеше, со задолжителниот скопски шмек. На игранки се одеше обично во саботите и во неделите, во раните попладневни часови. Во задушувач-ките, заглушувачки и зачадени сали се собираа стотици млади, желни за музика, забава и игра.

Модерно, главно, некакви игри што се играа групно, задолжително "до бесвест". "Сентишите" се чуваа за на "жур". Рокот царуваше. На цена беа највратоломните играчи на рок ен ролот  и нивните партнерки -едноставно, беа популарни колку и самите музичари. "Бисери", "Бези-мени", "Бис-Без", "Вихори", "Урагани", "Бомико", "Лен-ки" и којзнае како се нарекуваа помалку познатите -сето тоа беа групи за кои се навиваше и се "шизеше", како на фудбалски натпревар. Сите тие си имаа своја публика за игранки, а сите заедно ја сочинуваа армијата што живееше за саботите, неделите.

Популарниот Мице и неговите пријатели, ми се чини, ги закопаа игранките и ги поставија, истовремено, темелите на поинаквото "поимање"-примање на модерната музика. Седевме во обична кино-сала и слушавме модерна музика, за потоа срамежливо да отидеме во "Технометал", каде што заживуваше првото диско.

Неодамна добив покана од помлада колешка-сопственичка на радиостаница да подготвам и да водам неколку саботни попладневни емисии -демек малку да се одморам и да си направам "ќеф". Музиката знаев каква ќе биде. Не бев сигурен дали ќе успеев, поточно, немав храброст да предложам акција за обновување на корзото и на игранките. Се откажав. Не од немање самодоверба, од немање верба во сопствената водителска вредност, туку од сознанието дека тоа, сепак, беа белези на некое и нечие друго време, што отишло во неповрат.

01.08. ’95

Мојсо Мојсовски


Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок