19 Јануари, 2025
0.0357

Со инвестирањето во компјутерските технологии до економски развој

Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Со цел да се предложат современи модели кои се применливи во образовните процеси во училиштата, како и да се изнајдат конкретни предлози како да се прошири нивната употреба и применливост во наставата ширум земјата, Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес учествуваше на информативната средба во Microsoft  во Скопје. На состанокот беа презентирани неколку образовни иновативни проекти и платформи на Microsoft, кои се дел од широката интернационална платформа на Microsoft Партнери во Учењето, а која активно придонесува за зголемување на степенот на квалитетот на користење на ИКТ во наставата. Станува збор  за 3 годишна успешна соработка со  Microsoft кој се докажа како сериозен партнер и двигател на промени со веќе светски признати иновативни практики. На сесијата беше претставена апликацијата  OneNote , како единствен и лесен начин да се развијат и организираат наставните активности, како и бесплатната и отворена платформа Office365, како виртуелен работен модел кој е корисен за македонското образование со можности за заштеда. На оваа средба, наставници и професори од основни и средни училишта во Република Македонија ги презентираа и проектите со кои преку образовни видеа и други содржини се олеснува процесот на наобразба на учениците, со апел да се градат капацитети, да се збогатат дигиталните образовни ресурси преку соработка со високо образовни институции и институционалната поддршка од МОН и МИОА. Како што појасни менаџерот на академските програми на Microsoft за Македонија и Косово, Влора Адеми, сите овие проектни активности се со цел унапредување на квалитетот на образованието, способностите и вештините на 21 век, и ефикасното користење на ИКТ како основа за развој на конкурентно информатичко општество. Генералниот директор на Microsoft, Стефан Плавјански, напомена дека во време на економска криза владите мора да наоѓат креативни пристапи како да ги стимулираат своите економии,  а инвестирањето во ИКТ е еден од најдобрите начини како да се поттикне економскиот развој и да се зголеми конкурентноста на работната сила со креирање на работни места. Microsoft им помага на земјите ширум светот да ги постигнат овие важни цели.  

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ