04 Јануари, 2025
0.0271

Со колку пари ги гасиме пожарите?

Објавено во: Македонија 09 Август, 2021

Добивај вести на Viber

На кое место на скалата на приоритети ни е цивилната одбрана која се покажа како клучна и неопходна за заштита на животите и имотите за 2 милиони жители? Годинава државата издвојува „топтан“ 14 милиони евра за пожарникарите, ЦУК и ДЗС - трите инстанци кои се во меѓусебна интеракција и координација во системот на цивилна одбрана и заштита. Од тие пари над 60 отсто се за плати на околу 1.000 вработени! За инвестиции во машини и опрема се 700.000 евра за ДСЗ и ЦУК. Пожарникарските камиони не се на листа. За нив само ако има донатори или ги купат општините!

Овие 14 милиони евра се помалку од 9 отсто од парите од буџет наменет за одбрана!!! Или 0,4 отсто од сите буџетски расходи ... Жална Македонија! А материјалните штети допрва ќе ги броиме...

Пожарите кои беснеат десетина дена не отрезнија и „до балчак“ ја открија нашата институционална спремност за цивилна одбрана и зашита на граѓаните. Зошто ни се случи ова? Ајде да се обидеме да го отсликаме преку парите кои од државниот т.е. централниот буџет се на располагање за цивилна заштита – системот во кој се во меѓусебна интеракција и координација ЦУК, ДЗС и пожарникарските служби во 33 општини плус Град Скопје.

Сега на сите ни е болно јасно колку е важен системот на цивилна одбрана, систем што рака на срце, социјализмот како уредување го надградуваше и негуваше. Сега гледаме колку е страшно кога мора да зависиш од апели и молење, кога немаш механизам да го ангажираш и опремиш сопственото население во гасење пожари. А за системот на трежовење, превенција и евакуација и да не зборуваме. Тоа очигледно или го нема или не функционира. Пожарите на петнаесетина локациии низ земјава ни покажаа дека мора да се поправаат многу работи затоа што дојдовме на ниво да без странска помош ние не може да справиме со пожари од ваков интензитет.

ЗА НЕШТАТА ДА БИДАТ ПОЈАСНИ:

ЦУК и ДЗР на плати трошат 60 отсто од буџетот, за опрема и машини само 9 отсто од парите

Годинава Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување имаат на располагање за трошење вкупно 7,5 милиони евра од буџет. Со тие пари треба да ги покријат сите трошоци за работењето вклучително и вложувања во капитални инвестиции и средства за работа.

Од тие 7,5 милиони евра двете институции за плати ќе потрошат 4,4 милиони евра односно 59 отсто од сите пари. Двете институции вработуваат заедно нешто повеќе од 550 лица.
Двете институции за капитални инвестиции во опрема и машини планирале 706.000 евра што е 9 отсто од сите пари кои им се на располагање.

Тоа што авионите за гасење пожар на ДЗС не се во фукција е системски проблем за кој досега никој никого не повика на одговорност.

Само 33 од 80 општини имаат пожарникарски служби, за нивните плати од државниот буџет - 3,6 милиони евра

За пожарникари преку блок дотации од централен буџет годинава се издвојуваат 6,5 милиони евра од тоа 2 милиони евра се за скопските пожарникари. Од 80 општини 34 имаат пожарникарски единици.

Што пишува во Централниот буџет?

Расходи од централен буџет по функција :

- за цивилна одбрана 4,4 милиони евра

-вкупно за одбрана 161,3 милиони евра

Џоб дискрипшн на ДЗС и на ЦУК(превземено од централниот буџет, извор Министерство за финансии)

05003 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

 ВКУПЕН БУЏЕТ: ВКУПЕН БУЏЕТ: 275.087 илјади денари

 ОПИС И ЦЕЛИ ЗА 2021

Основна функција на Дирекцијата за заштита и спасување е заштита и спасување на луѓето, животната средина, материјалните добра, природните богатства, животинскиот и растителниот свет и културното наследство од природни непогоди и други несреќи во мир, вонредна состојба и воена состојба во Република Северна Македонија. Активностите на Дирекцијата за заштита и спасување се насочени кон отстранување на последиците од настанатите природни непогоди и други несреќи и давање помош на настраданото население, испитување на езерата во Република Северна Македонија за присуство на неексплодирани убојни средства, отстранување и уништување на неексплодирани убојни средства што ќе се пронаоѓаат во езерата, ангажирање на силите за заштита и спасување во гасење на пожари со противпожарните авиони и противпожарни возила, спасување од поплави и други евентуални природни непогоди, преземање на превентивни мерки за заштита од поплави и други природни непогоди како што се санација на свлечиштата, градење на земни насипи на местата загрозени од поплави, учество на силите за заштита и спасување во спасувачки мисии во други земји кои ќе побараат помош од Република Северна Македонија.

ИНДИКАТОРИ: ИНДИКАТОРИ: Број на вработени: 273 Оперативни расходи по вработен (во илјади денари): 817

05004 ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ

ВКУПЕН БУЏЕТ: ВКУПЕН БУЏЕТ: 187.812илјади денари илјади денари

 ОПИС И ЦЕЛИ ЗА 2021

 Центарот за управување со кризи ги извршува работите во врска со управувањето со кризи, изработување и ажурирање на единствената процена на ризиците и опасностите по безбедноста на Републиката, како и предлагање мерки и активности за нивно разрешување во кризна состојба. Активностите на Центарот за управување со кризи се насочени кон континуирано обезбедување на целосна поддршка на системот за управување со кризи, имплементација на Стратегијата за намалување на ризици од несреќи и катастрофи во рамките на Националната платформа, достигнување на потребните капацитети за планирање, организација и координација со мерките и активностите за превенција за ризици од катастрофи, обезбедување, развивање и унапредување на систем за рано предупредување преку постојано следење и проценување на ризиците и опасностите кои претставуваат закана за безбедноста, oрганизација и подготовка на респектабилни капацитети за справување со настанати несреќи, кризи и кризни состојби и координација со активностите за надминување на предизвиканите последици и штети.

ИНДИКАТОРИ: Број на вработени: 287 Оперативни расходи по вработен (во илјади денари): 530

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПОЛОШО: Скопје стана најзагаден град во светот

УШТЕ ПОЛОШО: Скопје стана најзагаден град во светот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пронајдена и четвртата жртва од вчерашната сообраќајка кај Рашче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пронајдена и четвртата жртва од вчерашната сообраќајка кај Рашче

ЕКСТРЕМНО ЗАГАДЕНО: Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот

ЕКСТРЕМНО ЗАГАДЕНО: Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот

OJO: Обвинение за десет лица за шверц на луксузни автомобили

OJO: Обвинение за десет лица за шверц на луксузни автомобили

ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ МОСТ: Сообраќајот кај Башино село ќе биде во прекин подолго време

ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ МОСТ: Сообраќајот кај Башино село ќе биде во прекин подолго време

ЦУК: Пронајдено е телото на мажот од несреќата кај селото Рашче

ЦУК: Пронајдено е телото на мажот од несреќата кај селото Рашче

ДРОНОВИ ТРАГААТ ПО ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ: При излетување на возилото кај Рашче загинаа три лица

ДРОНОВИ ТРАГААТ ПО ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ: При излетување на возилото кај Рашче загинаа три лица

ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ, ВО ПРЕКИН Е СООБРАЌАЈОТ НА ОБИКОЛНИЦА СКОПЈЕ-ВЕЛЕС: Во близина на Башино село

ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ, ВО ПРЕКИН Е СООБРАЌАЈОТ НА ОБИКОЛНИЦА СКОПЈЕ-ВЕЛЕС: Во близина на Башино село

СИ ГО УБИЛ 39-ГОДИШНИОТ СИН СО ЛОВЕЧКА ПУШКА КОЈА ЈА ПОСЕДУВАЛ СО ДОЗВОЛА - потоа седел во станот до безживотното тело додека не ги пронашле

СИ ГО УБИЛ 39-ГОДИШНИОТ СИН СО ЛОВЕЧКА ПУШКА КОЈА ЈА ПОСЕДУВАЛ СО ДОЗВОЛА - потоа седел во станот до безживотното тело додека не ги пронашле