18 Мај, 2024
0.0268

Со колку пари сме ја помогнале минималната плата и другите субвенции лани

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Македонската влада и другите државни органи од централната и локална власт потрошиле вкупно 18,63 милиони евра, или 1,14 милијарди денари за да ги помогнат малите и средни претпријатија во 2017-та, според извештајот за изминатата година од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Под државна помош влегуваат сите финансиски средства што ги одобрува државата со тоа што ги помага малите и средни претпријатија во нивниот развој, вработувања, иновации, обуки и ризичен капитал од општ интерес, субвенции и плаќање на нивните долгови.кластерско здружување и промоција на туризам.

Државата за да функционира изменетиот закон за минимална плата од 12.000 денари потрошила 6 милиони евра, кои им ги доделила на претпријатијата од почетокот на минатогодишната есен. Вадата започна со субвенционирање на малите претпријатија кои своите работници ги плаќаа по минимални 10.000 денари и во стартните месеци не беа во можност веднаш да им ја зголемат на 12.000 денари. Државата на истоте им доделуваше по 2.000 денари за законските измени да важат подеднакво исто за сите работници во македонската економија. Во 2018-та треба да се потрошени уште 7,5 милиони евра за таа намена додека се направи баланс и претпријатијата да се навикнат на новата минимална плата што треба да ја обезбедат за работниците.

Најмногу пари се потрошени за реализација на програмите за вработување, односно за субвенционирање на новоотворените работни места кај малите и средните претпријатија. За оваа намена државата потрошила 11,5 милиони евра.

За субвенционирање на субјектите кои носат туристи од странство и ги промовираат македонските знаменитости се одвоени 1,9 милиони евра.

За помош за развој на иновациите, кластерското здружување и индустриската политика преку Министерството за економија и неговите придружни тела се доделени само 680.000 евра, што може да се оцени како мошне мала сумасо оглед на важноста на овие сегменти во економијата.

За општествено одговорните кои инвестираат во животната средина се одобрени само 81.000 евра.

Оваа севкупна државна помош, според Комисијата, изнесува 0,18 отсто од годишниот Бруто домашен производ на Македонија. 

Субвенционирањето во сите овие категории било според законските правила на игра и не ги нарушувало принципите на праведна конкуренција во однос на оние кои не добиле ништо од државата, смета Комисијата.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра