20 Декември, 2025
0.0578

Со коучинг до поголем успех во бизнисот кај жените претприемачи

Објавено во: Мои пари 31 Март, 2017 15:07

Добивај вести на Viber

Преку демо-сесиите организирани од коучи лиценцирани за коучинг програмата за зголемена продажба, околу 30 бизниси во сопственост или управувани од жени одблиску се запознаа со можностите кои ги нуди коучингот за зголемена продажба. 8 сертифицирани коучи накратко ја презентираа методологијата на работа, како и можностите за зголемување на продажбата и потенцијалот за развој на нивниот бизнис.

Според Ристо Иванов, креатор на коучинг програмата за зголемена продажба, иницијативата, храброста и креативноста се темелите и одликите на добар претприемач. „Коучингот за зголемување на продажбата јасно го таргетира потенцијалот на жената претприемач и преку коучинг процесот помага да се ослободат скриените извори на продуктивност и ефикасност во бизнисот. Коучот и жената претприемач работејќи заедно во иста насока и кон иста цел ја зголемуваат веројатноста за постигнување успех во бизнисот. Она што коучинг програмата за зголемување на  продажбата ја прави поразлична од другите видови коучинг е во тоа што оваа програма гарантира успех“ вели Иванов.

Во изминатиот период коучинг програма за зголемување на продажбата беше успешно спроведена со 7 компании, и кај сите беа постигнати одлични резултати, кај некои со зголемување на продажбата од 40%, кај некои со подобра организираност, намалување на работното време а зголемување на профитот, како и дополнителни договори и клиенти.

Овие коучинг сесии беа поддржани и кофинансирани од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од Свисконтакт и Преда Плус. Оваа година ИМЕ Програмата планира да овозможи дополнителна поддршка на 50 жени претприемачи преку ко-финансирање на коучинг за бизнисите во сопственост или управувани од жени кои работат во еден од секторите во кои работи и ИМЕ програмата: зелена економија, креативни индустрии и туризам и угостителство. Во план е да се организираат и дополнителни демо-сесии за промоција на коучингот за зголемена продажба.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии