СО МАИЦИ СО ЛИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ БАРАА ДА СЕ ГЛАСА ЗА ДЕКЛАРАЦИЈАТА - мнозинството си заминало
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2022
Со маици со македонскиот револуционер Гоце Делчев, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска предложиле да се гласа за Декларацијата која тие за него ја поднесоа во Собранието.
Но, како што пишува пратеникот Антонио Милошоски, си заминале присутните коплеги од СДСМ и ДУИ, кои го сочинуваат собраниското мнозинство, така што на седницата немало кворум и за Декларацијата не можело да се гласа.
Како што е познато, СДСМ таа Деркларација ја нарече политичкли театар, без суштина, со која само ќе се наштети на односите меѓу двете држави.
Еве што пишува на својот фејсбук профил пратеникот Антонио Милошоски, кој објави и фотографија од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, од кои неколку од нив за овој ден се подготвиле со маици со ликот на Гоце Делчев.
„Денеска на Комисијата за надворешна политика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предложија да се разгледува Декларацијата за великанот Гоце Делчев, но за жал присутните колеги од СДСМ/ДУИ побегнаа, за седницата да нема кворум и да не може да се гласа. Ќе ги почекаме, има време до Илинден“, напиша на фејсбук Милошоски.