15 Декември, 2025
0.0790

СО МЕРЦЕДЕС ЈА „ПОКОСИ“ МЛАДАТА ДОКОТОРКА: Силна порака ја расплака БиХ, „Дали знаеш како се станува доктор на 25 години?“

Објавено во: Балкан 28 Мај, 2023 09:33

Добивај вести на Viber

Навраќаат реакциите за трагичната сообраќајна несреќа која ја потресе Босна и Херцеговина, во која животот го загуби младата докторка Азра Спахиќ, а тешко повредена Алма Суљиќ.

Една од реакциите е на политичарот од Зеница Иван Петровиќ.

„Дали знаете како се станува доктор со помалку од 25 години?!

Со уживање во детските игри само до поаѓање во прво одделение во основно училиште. А следните 19 години од најубавата младост ги поминувате со книги, макотрпни студии и истражувања од утро до вечер и од ноќ до зори. Ненаспаност и често физички и психички исцрпени. Страдате од огромен стрес поради вашите и очекувањата на оние околу вас.

Се борите со глад, бидејќи понекогаш немате време ни да јадете. Ги пропуштате повеќето од вообичаените излегувања и забави со вашите врсници. Добивате доживотна болка во вратот и грбот, кои ви ја искривуваат кичмата. Оштетен е и видот. Ги жртвувате вашиот ум и тело за да донесете огромно знаење, кое ќе биде во служба на спасување човечки животи и лекување на болести. И никогаш не ги заборавате вашите родители, кои дадоа се што можеа за да ве поддржат во вашата жртва.

Знаете ли како се станува идиот под 25 години?!

Едноставно! Со тоа што откако ќе се родиш мајка ти и татко ти, ти обезбедуваат се во животот, само ти да не правиш ништо. Освен што служиш како демонстрација на нивната материјална и социјална моќ.

И бидејќи е многу полесно да се стане идиот на возраст помала од 25 години, отколку да се стане лекар на иста возраст, сè почесто ги читаме вестите во кои овие први, многу побројни, пијани и издрогирани зад воланот во бес автомобилите ги убиваат овие други, ретки скапоцени примери на нашата младост на пешачки премини и слични места.

Младата Азра Спахиќ (25) беше лекар, научник, уметник, вработена во здравствен центар во Сараево, родена да направи разлика и да донесе надеж во овој колапс на општеството. Тркајќи се со мерцедес, синоќа на пешачки премин ја покоси Армин Берберовиќ, познат како Берба, кому татко му не му ја купи „машината“ само за да ја гледа, туку и за да ги покаже „м.....та“ на патот.

Покрај до родителите и роднините на Азра, моето искрено сочувство до сите Босанци и Херцеговци, кои нејзината смрт ја доживеаја како непоправлива загуба за посветлата иднина на нашата земја.

Пред некој ден го одбележавме Денот на жалост за масакрот на младите од военото минато.

Што ќе правиме со нашите денови на жалост, во кои нашата иднина е убиена од одроните на нашата сегашност?

Роднините, пријателите и колегите се збогуваат со младиот лекар, а општеството бара децидна реакција!

ФОТО: ФБ

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството