06 Декември, 2025
0.2314

Со напнати филмови јадеме повеќе?

Објавено во: Стил 03 Септември, 2014 18:37

Добивај вести на Viber

Дали гледањето напнати филмови не прави подебели?

Една работа е сигурна - содржината на кесичка чипс или било кои други грцкалки побрзо ќе ги однема од вашата маса доколку гледате акционен филм, трилер или некој сличен жанр поради напнатата содржина.

Истражувачи од Корнел Универзитетот тестирале 94 студенти така што им послужиле M&M бомбони, колачи, гројзе, моркови и ги пуштиле да гледаат ТВ 20 минути. Третина од студентите го гледале трилерот на Мајкл Беј „The Island“, другата третина го гледала тековното шоу „Charlie Rose“, додека последната третина го гледале „The Island“, но без звук.

Испитаниците кои го гледале „The Island“ изеле 98 одсто повеќе храна од оние кои го гледале тековното шоу, консумирајќи во просек 354 калории, за разлика од гледачите на „Charlie Rose“, кои изеле 215. Дури и оние кои го гледале „The Island“ без звук изеле повеќе калории (314) од оние кои го гледале тековното шоу.

„Стимулативни програми со побрзо темпо, со многу кадри навистина ве тераат да се внесете во содржината и да престанета да бидете свесни на тоа што и колку јадете. Тие можат да ве натераат да јадете повеќе при што сте целосно посветени на филмот, па не посветувате внимание на тоа што ставате во уста“, објаснува Др. Анер Тал, водачот на студиите.

За да го избегнете прејадувањето и внесувањето на поголем број калории во текот на гледањето на филм, истражувачите препорачуваат пред себе да ставите здрави намирници и да ги избегнувате оние како чипс, кикирики и слично.

Сепак, акционите филмови не се единствени кои не дебелеат. Претходните студии покажале дека кулинарските емисии прават да се храниме многу нездраво, и внесуваме многу повеќе нездрава храна.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: