Со нова партија Тадиќ ќе учествува на изборите во Србија
Објавено во: Балкан 02 Февруари, 2014 19:37
Борис Тадиќ денеска најави дека на предвремените парламентарни избори во Србија, закажни за 16 март, ќе учествува со нов политички субјект.
Тадиќ, кој во четвркот соопшти дека ја напушта опозициската Демократската партија (ДС), при денешното гостување во емисијата „Став на Србија“ на телевизијата Прва, најави дека на изборите ќе учествува со луѓе од ДС кои „во претходните осум години ја поддржувале неговата политика и со граѓаните кои гласале за таа политка“.
Тадиќ не соопшти повеќе детали за листата со која ќе настапи на изборите, нагласувајќи дека во тек се коалициски преговори.
Белградскиот весник „Курир“ во денешниот број меѓутоа објави дека на изборите поранешниот српски претседател ќе настапи со изборна листа под името „Демократски сојуз за модерна Србија“, на која покрај поранешни членови на ДС, ќе се најдат и кандидати на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ) на Ненад Чанак и на партијата Заедно за Србија (ЗЗС) на Душан Петровиќ.
Според „Курир“, можно е во коалицијата предводена од Тадиќ да се вклучат и Партијата за демократска акција (СДА) на Сулејман Угљанин, Обединетите региони на Србија (УРС) на Млаѓан Динкиќ, како и уште неколку помали партии и партии на националните малцинства.
Весникот наведува дека во текот на следниве денови ДС ќе ја напушти и актуелниот партиски потпретседател Горан Ќириќ, кој со себе би можел „да повлече половина од партијата“.
Тадиќ, кој до истапувањето од ДС беше нејзин почесен претседател, на прес-конференцијата во четвртокот соопшти дека се решил на таквиот чекор поради одлуката на партијата да преговара за соработка со Новата партија (НС) на поранешниот српски премиер и некогашен демократ Зоран Живковиќ.
- Решив да истапам од членство во ДС и да дадам остава на местото почесен претседател затоа што во политичкиот блок околу ДС се враќаат луѓе кои и го донесоа епитетот на аферашка и корумпирана партија, изјави Тадиќ.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




