СО ОЛЕСНЕТИ КРИТЕРИУМИ: Владата ќе објави трет повик за нускобуџетните авиокомпании
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2018
Наскоро трет јавен повик ќе објави владата за нискобуџетните авиокомпании по два неуспешни .
Причина за неуспехот беа неисполнети услови од тендерската постапка а овој пат според портпаролот на Владата ќе бидат по олеснети.
Бошњаковски кажа дека авиопревозниците ќе треба да воспостават летови до две нови дестинации од Скопје и од Охрид до 26 март 2019, а не до 10 јануари, како што се бараше во претходните два огласа.
„Очекуваме овој трет повикот да биде успешен во интерес на граѓаните и тие ќе можат целосно да ги користат бенефитите од нискобуџетните летови“, посочи Бошњаковски.