Добивај вести на Viber
Со изведбата на песната „Мајка“ од познатиот Шајмак Давар, вчеравечер започна одржувањето на првиот Сахара Балкански мировен фестивал.
Точно на полноќ, претседателот на Сахара Групацијата, Субрата Сахара Рој и Премиерот Никола Груевски, со стискање на копчето го осветлија со сина боја Камениот мост и го прогласија првиот Сахара балкански мировен фестивал за отворен.
„Речиси нема држава која не чувствува предизвици и закани за мирот. Граѓаните на Македонија, како и нејзините претци имале прилика да ги почуствуваат последиците од отсуство на мирот, Нашиот народ отсекогаш го краселе одлики на мирољубивсот и воздржаност.Затоа имаме право да бидеме заговорници на мирот, како што е иницијативата Балканскиот мировен фестивал во организација на Субрата Рој од пријателска Индија. Госпосдинот Рој и Сахара групацијата одлучија од овде да се рашири иницијативата за мирот, и ние сме им благодарни за тоa“, изјави Груевски со што го отвори фестивалот,“, изјави Премиерот Никола Груевски.
Со танц на неколку стотини танчери, локални и од школата на Шајмак Давар, изведување на сопствена песна на малиот Ангел Бекарски од СОД Детското село беа испратени пораки за мир од центарот на Скопје, на Балканот и во светот.
„Испраќаме порака за мир до секој човек, секое семејство, секој поединец кој сака мир на работното место. Некој ќе рече дека сум голем оптимист, но вечерва го избравме вистинското место да го одржиме фестивалот. Граѓаните на Скопје и Македонија со гордост ќе се сеќаваат на оваа иницијатива, изјави Субрата Рој“, изјави Субрата Рој, од Сахара Групацијата.
Сината боја за мир во светот. Ова е основниот мотив што ќе биде присутен за време на одржувањето на Сахара Балканскиот мировен фестивал.
Активностите на Сахара балканскиот мировен фестивал продолжуваат со конклава за мирот организирана за невладиниот сектор, мировниот самит каде обраќање ќе имаат главните говорници, меѓу кои и Тони Блер и доделувањето на награда за мир, како и свечената вечера во организација на Сахара Групацијата.