Со нови садници ќе се штити Преспанското Езеро; Донацијата тежи 5 милиони швајцарски франци
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2013 16:40
Со пари од швајцарската Влада, а обезбедени преку програмата на УНДП , Преспанското Езеро ќе се заштитува од ерозија, а околината ќе се пошумува со автохтони дрвја.
Како што информираше директорот на „Македонски шуми“, Жарко Караџоски во првата фаза од проектот предвидено е да се направи современ расадник за автохтони садници на површина од 0,7 хектари во ресенското село Асамати каде ќе се произведуваат по еден милион автохтони дрвја секоја година.
„Од расадникот ќе се пошумуваат сите ерозивни подрачја околу Преспанското Езеро. Во наредните четири-пет години преку оваа соработка ќе ја заштитуваме животната средина и Преспанското Езеро, а тоа ќе има позитивно влијание и врз природата и врз туризмот“, посочи Караџоски.
Според Александро Фракасети, кој е заменик претставник на УНДП, обновувањето на шумскиот фонд, пошумувањето и спречување на ерозивните последици се неопдодни за заштита на Преспа и околината.„Главни цели се подобрување на шумскиот фонд во регионот и регулирање на главните порои во тој дел. Со реализација на проектот ќе се намали ерозијата, а со тоа и таложењето во езерото и ќе подобри квалитетот на целиот еко-систем. Со подобрувањето на состојбата на шумскиот фонд ќе се обезбедат вредни живеалишта на биодиверзитетот, ќе се зголемат можностите за производство на дрвена граѓа, ќе се намали емисијата на јаглероден диоксид, а ќе се подобри и квалитетот за живеење во целиот регион“, рече Фракасети.
За проектот за заштита на Преспанското Езеро, обезбеден е буџет од пет милиони швајцарски франци.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





