Со секира ја нападнал сопругата, а потоа е најден мртов на нива
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020
Трагедија се случи во околината на Скопје.
Скопјанец со секира ја нападнал сопругата додека спиела, а потоа e пронајден мртов.
Станува збор за шеесет и едногодишен маж кој утрово со секира ја нападнал неговата сопруга додека спиела во семејниот дом.
Мажот потоа избегал со возилото, а сопругата е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди.
Мажот неколку часа подоцна е пронајден починат на нива со повреда на вратот.
Полицијата извршила увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.