Со што најмногу се тргуваше во Македонија во 2018?
Објавено во: Економија 31 Декември, 2018
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во ноември 2018 година во споредба со истиот месец лани, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13,6 отсто, а реално за 10,7 отсто), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 8,2 отсто, а реално за 5,5 отсто), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 10,6 отсто, а реално за 8,5 отсто) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 13,5 отсто, а реално за 0,6 отсто).