Со танц го слават животот
Објавено во: Стил 28 Август, 2014 19:12
Индијанци од племето Јаванава секој август во селото Матум во Амазонската прашума го организираат фестивалот Марири во чест на животот. Тие од 1933 година живеат во резерват во бразилската држава арква. Цели пет дена тие го слават својот начин на живот играјќи, но и приредувајќи живописни племенски обреди.
Овие домородци живеат ист начин на живот како и нивните предци пред 12.000 години. Тие говорат свој автентичен јазик, носат традиционална облека и ги цртаат лицата и телата во склад со традицијата. Организирањето на овие празници се пренесува од генерација на генарација. Игрите се интересни и симболични.
Фестивалот Марири привлекува стотици луѓе од разните земји. Туристите со задоволство се приклучуваат кон славањето на ова индијанско племе.
Мажите секојдневно одат во лов со стрели кои сами ги прават. Воглавно ловат диви свињи и риба. Во риболовот се служат со разни билни отрови. Одгледуваат банани, ориз, пценка, компир, папаја, ананас и шеќерна трска.
Исчезнати племиња
Многу домородци од областа Амазона имаат контакт со надворешниот свет веќе 500 години, но многумина избегнуваат состанок со остатокот од цивилизацијата и живеат во изолација. Во Бразил денес, според некои податоци, постојат околу 896.000 Индијанци во 238 племиња. Повеќето домородци во текот на пет векови исчезнале, воглавно поради болести и насилство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:






