СО ВОЗИЛОТО КОЕ ИЗЛЕТА ВО ВАРДАР КАЈ РАШЧЕ УПРАВУВАЛА 23-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Н.А. - причините за несреќата уште се утврдуваат
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2025
Дваесетитригодишната Н.А. била зад воланот на возилото „Ауди“ кое пред два дена излелета од патот Сарај-Рашче и заврши во реката Вардар, информираат од МВР. Несреќата резултираше со три жртви кои беа заглавени во превртеното возило во реката, а во текот вчерашниот ден, во 14:48 часот, беше пронајдено и безживотното тело на исчезнатото машко лице, А.А., во близина на местото на несреќата.
Полицијата го објави идентитетот на трите женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од село Грчец, скопско. Единствено кој ја преживеа оваа несреќа беше 5-годишното момче кое излетало од возилото за време на падот. Тоа се спасило држејќи се за гранките, а беше пронајдено од локални минувачи.
Во соопштението од полицијата се потврдува дека е пронајдено машкото лице по кое се трагаше. На ова тело, како и на претходните жртви, јавниот обвинител издаде наредба за извршување обдукција, со цел утврдување на точните причини за смртта.
„Се работи на утврдување на причините за трагичната несреќа, а обвинителството продолжува со истрагата. Трагичните настани ги потресоа сите нас и напоменуваме дека истрагата ќе продолжи со цел да се утврдат сите околности“, изјавија од ОЈО.
Инаку детето кое беше повредено во сообраќајната несреќа кај Рашче, се очекува наскоро да биде пуштено на домашно лекување.