Собранието доби нов потпретседател
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2019
Со 62 гласа „за“ и 12 „против“, Зеќир Рамчиловиќ е избран за нов потпретседател на Собранието.
Тој од 1 ноември делува како независен пратеник, а претходно беше дел од осумчлената Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Рамчиловиќ е предложен за потпретседател од СДСМ и ДУИ.
Тој доаѓа на местото на Весел Мемеди од НДП, кој во јули си поднесе оставка на пратеничката функција, откако премиерот Зоран Заев го разреши министерот за локална самоуправа од неговата партија Сухејл Фазлиу и го замени со Горан Милевски од ЛДП.
Потпретседатели на Собранието се уште Горан Мисовски од НСДП и Фросина Ташевска-Ременски и СДСМ.