29 Април, 2024
0.0238

Социјалните медиуми не се бесплатни медиуми!

Објавено во: Колумни 11 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Во последниве неколку години менаџирањето на Facebook страни стана вистински хит во земјава. Многу луѓе и фирми се специјализираа во овој сегмент, антиципирајќи потенцијал за успешен бизнис.

За тие што не се сретнале со овој поим, во најкратки црти, популарно нареченото “менаџирање на социјални профили“ вклучува креирање на одредена страна или профил/акаунт на социјалните мрежи, како и менаџирање на содржините и коментарите што се објавуваат на истите. Во Македонија, менаџирањето на социјалните мрежи во најголем дел се сведува на администрирање на Facebook страни на брендови, компании или популарни личности. Во поретки случаи се менаџират и Twitter, Instagram профили и YouTube канали на одредени брендови.. Бидејќи администрирањето на социјалните мрежи претпоставува соодветно техничко познавање на платформите, 24/7 пристап во администирањето, континуирано објавување на нови и интересни содржини, брзо одговарање на прашања и сл. најголем дел од компаниите, водењето на своите страни/профили на социјалните медиуми го отстапуваат на специјализирани  (најчесто маркетинг) агенции, секако со нивна постојана супервизиија на целата активност. Меѓутоа, што се случи во една таква ситуација? Во последните неколку години како растеше популарноста на Facebook,  така на нашиот пазар се зголемуваше побарувачката за менаџирање на социјални мрежи. Компаниите (брендовите) видоа можност за самопромоција на медиум кој е навидум бесплатен, како и можност за неограничена комуникација со своите фановите. Меѓутоа таквата комуникација и промоција бара секојдневна работа која тешко може да се организира “in-house“. Со тоа вртоглаво се зголеми и бројот на специјализирани агенции и поединци кои се занимаваат со “social media”. Набрзо, големата понуда резултираше и со пад на цената за администрирање на социјални мрежи. Дојдовме до ситуација кога сега на пазарот за тривијални цени се нуди компетно менаџирање на социјални мрежи, што е апсурдно. За таква цена дури и само едно лице да ја врши целата работа, за тој да може да има пристојна плата, а притоа да биде пријавен и да плаќа придонеси,  треба истовремено да води социјални профили на десетина компании. Е сега, замислете колку успешно тој тоа ќе го сработи. Само на Facebook, тој ќе треба да постира барем по 5 содржини (постови) на ден за секоја компанија што ја води, што значи најмалку по 50 содржини на ден. На сето тоа треба да се додаде и менаџирање на коментари, одговарање на прашања, администрација на профилите на другите социјални медиуми, промотивни активности итн. Едноставно, со толкав обем на работа, квалитетот се сведува на минимум, постовите почнуваат да се повторуваат, креативноста ја нема, а двонасочната комуникација целосно исчезнува. Социјалните медиуми стануваат канали за банална реклама. Затоа почнуваме се повеќе да гледаме секојдневни постови од типот „Добро утро,  дали денес го пробавте нашиот производ....?“, или пак “Здраво, како се чувствувате денес драги фанови?“. Вистинскиот пристап треба да биде сосема поразличен од гореспоменатиот, за да има ефект партиципацијата на брендот на социјалните мрежи. Потребно е вклучување на поголем мултидисциплинарен тим во осмислувањето и реализацијата на активноста на секој бренд на социјалните медиуми. Неопходно е целосно познавање на брендот, осмислување на комуникациска стратегија, мултиплатформска тактика, контент менаџмент концепт, соодветен CRM модел, квалитетен и креативен дизајн, видео продукција, апликации и уште мал милион активности за да може еден бренд/компанија сериозно да се занимава со community management. Сето ова значи време и пари. И токму затоа социјалните медиуми не се бесплатни! Facebook во неколку наврати го менуваше алгоритмот, но се чини најголемиот шок се случи во Декември 2013, кога органскиот опсег (organic reach) на постовите од FB страните значително се намали, па сега се проценува дека постовите ги гледаат помалку и од 3% од фановите на секоја FB страна. Имате фанови, но исто како да ги немате! Во јавноста ова се перцепираше како суров обид на FB да ги насочи брендовите да плаќаат спонзорирани стории за нивните содржини да бидат видени од фановите. Facebook од друга страна, вели дека новиот алгоритам ќе ви ги сервира само постовите од страниците со кои имате почеста интеракција и кои системот ги смета дека се релевантни за вас. Во таква ситуација повторно се навраќаме на неопходноста од добро осмислен контент и квалитетна комуникација на социјалните медиуми, што подразбира сериозен тим кој ќе ја управува истата. Само на таков начин вашите содржини ќе може да допрат до фановите. Една работа е повеќе од јасна - нема повеќе бесплатна промоција. Без разлика дали компаниите ќе се одлучат за спонзорирани стории или за квалитетни соджини кои носат органски reach и интеракција, за тоа ќе мора да одвојат адекватен буџет. Ненад Ристовски  

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД