14 Декември, 2025
0.0380

СОФИЈА НЕ Е СРЕЌНА ЗА ЈАСНАТА ФОРМУЛАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК: Добрите и лошите страни на францускиот предлог од бугарски аспект

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2022 13:18

Добивај вести на Viber

За Министерството за надворешни работи на Бугарија најголем проблем е тоа нашата земја има јасна формулација за македонскиот јазик, но истовремено оценува дека францускиот предлог е нешто на што не можело ни да се надева до пред само 6 месеци, пишува денеска Дојче Веле, и повикуваќи се на извештајот на бугарското МНР, ги наведува позитивните страни:

– Меѓу условите за мерење на напредокот на РСМ во претпристапниот процес е вклучено и спроведувањето на Договорот меѓу Бугарија и РСМ од 2017 година и Протокол(и) на заеднички состанок според член 12 од Договорот од 2017 година (кој треба да биде потпишан од двете страни).

– Засилен е текстот од став 47 во однос на следењето (од страна на ЕК) на заложбите на РСМ во однос на добрососедските односи и регионалната соработка. Во пракса, Комисијата се обврзува да известува, вклучително и за напредокот во имплементацијата на Договорот и билатералниот протокол, пред Меѓувладината конференција (IPC) ЕУ-РСМ.

– Воведено е барање РСМ да претстави посебен Акциски план за припадниците на националните малцинства или заедници (со разбирање дека Бугарите во РСМ се заедница, а не малцинство), во условите на кластерот „Темели”. Во нотата на Претседателството до КОРЕПЕР конкретно се наведува дека Акцискиот план ќе го придружува Патоказот за владеење на правото и ќе биде неопходен за отворање на кластерот Темели.

– Воведен е механизам за вклучување на Бугарите во уставот на РСМ.

На негативната страна, според извештајот, се:

– Во Преговарачката рамка на француското претседателство се дозволува чиста референца за т.н „македонски јазик“. Во овој поглед, нацрт-преговарачката рамка не одговара на Рамковната позиција од 2019 година.

– Во став. 5 од Преговарачката рамка се воведува општо барање за имплементација од страна на РСМ на Договорот за добрососедство и на идниот билатерален Протокол од меѓувладиниот состанок согласно чл. 12 од Договорот за добрососедство, а во став. 47 од Преговарачката рамка се предвидува дека ЕК ќе поднесува извештај (во оригиналниот текст на Рамката се користи терминот ,,ќе информира”, а не ,,известува”) на секоја Меѓувладина конференција за неговата имплементација. Во овој поглед, нацрт-преговарачката рамка не соодветствува со Рамковната позиција од 2019 година, бидејќи имплементацијата на Договорот за добрососедство и Протоколот од чл. 12 не претставуваат формален критериум за отворање или затворање на поглавјата од преговорите. Не е предвидена улога на Советот на ЕУ (т.е. Бугарија) во оценката дали РСМ го спроведува билатералниот протокол, а оваа оценка е препуштена на ЕК. Треба да се напомене дека до 20 јуни 2022 година, билатералниот Протокол не беше потпишан од двете страни, а тоа е од суштинско значење за да се добијат гаранции за спроведување на долгорочни мерки, бидејќи претходниот не ги вклучува претстојните мерки за имплементација на Договорот.

– Во став 35 од Преговарачката рамка се предвидува дека РСМ ќе „усвои“ Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата или заедниците, вклучително и на полето на недискриминација, борба против говорот на омраза, образование, создавање ефективни мерки, механизми за известување и идентификување на одговорни институции. Имплементацијата на овој Акциски план ќе биде предмет на постојан надзор и редовно ќе се дискутира на Меѓувладини конференции во текот на процесот на пристапување. Ставот 37 од Рамката воведува барање имплементацијата на Акцискиот план да биде меѓу средните индикатори во кластерот Темели (ова значи дека ако овој Акциски план не се имплементира, ниту едно преговарачко поглавје не може да се затвори). Во овој поглед, нацрт-преговарачката рамка се разликува од Рамковниот став од 2019 година. Воведен е зајакнат механизам за заштита на човековите права, кој може, со активна улога на Бугарите во РСМ, да придонесе за гарантирање на нивните права. Предложениот механизам, сепак, не предвидува експлицитно дека Акцискиот план ќе биде меѓу индикаторите за отворање на кластерот „Темели”. Во овој момент, не е јасно дали се очекува Советот на ЕУ да го одобри Акцискиот план (се очекува само PCM да го „усвои“), што би го ограничило влијанието врз неговата содржина.

На следниот лин е целиот текст на Дојче Веле


Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија