19 Мај, 2024
0.0243

Сојузот на Русија со Курдите ќе биде судбоносен за Турција

Објавено во: Балкан 24 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Ако Русија почне тесна соработка со Курдите, над Анкара ќе надвисне судбоносна закана. Судејќи според случајот настаните кои се кошмар за Ердоган најверојатно ќе почне да стануваат реалност, пишува Tagesspiegel.

"Отсуство на проблеми со соседите" - таков беше политичкиот слоган на Атмет Давутоглу, кога ја презеде функцијата министер за надворешни работи на Турција во 2009 година. Шест години подоцна, кога тој е на функцијата премиер, станува очигледно дека односите на Турција со соседите речиси целосно се состојат од едни проблеми, како спорови се јавуваат дури со поранешни сојузници - Израел и Египет.

Во последно време Турција конечно го изгубила старото влијание на Блискиот Исток и Северна Африка и е опкружена со противници, се вели во статијата.

Анкара ги смета за експлозивен фактор во регионот сириските Курди и нивното главно политичко движење - партијата "Демократски сојуз", која има блиски врски со забранетата во Турција Работничка партија на Курдистан (ПКК).

Во југоисточниот дел на Турција, турската армија две недели води отворени борби со Курдите, иако уште во текот на летото одеа преговори за мир. Судејќи според последните акции на Анкара, таа ги смета Курдите за сериозна закана за себе повеќе од "Исламска држава", наведува весникот.

На позадината на конфликтот со Русија курдското прашање за Анкара се усложнува уште повеќе. Вооружените борци на "Демократскиот сојуз" во Сирија успешно се спротивстават на терористите од Исламска држава и Русија ги забележува нивните успеси. Минатата недела министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков изјави дека Курдите не треба да се исклучуваат од преговорите за мировниот процес во Сирија, како и од колективните напори за борба со исламистите и други терористички групи во Сирија и Ирак, каде тие играат важна улога во спречувањето на терористичката закана.

Анкара ги има сите причини да стравува дека ова е предуслов за соработка меѓу Русија и Курдите. Ако Москва одлучи да им понуди помош, внатрешните проблеми на Турција ќе се искачат на принципиелно ново ниво, смета весникот.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел