Сомнителната пациентка која шетала до Рим не „закачила“ коронавирус
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2020
Пациентката за која се чекаше резултатот е негативна на коронавирус.
Ова го потврдија од Министерството за здравство од каде посочуваат дека резултатот за присуство на корона вирус кај пациентката за која постоеше сомнеж, а која е една од двата дополнителни случаја што беа тестирани вчера на Инфективната клиника во Скопје е негативен.
– И двата случаја се негативни на вирусот. Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19, соопшти Министерството за здравство. Другиот тестиран пациент кај кој исто така резултатот е негативен е возач на камион кој патувал преку северна Италија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.