10 Мај, 2024
0.0284

Соништата враќаат во живот, а не чинат пари!

Објавено во: Колумни 30 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Зрно по зрно погача, камен по камен палата! Од она што го сакаш никогаш не треба да се откажеш, само треба упорност и трпение, за да се оствари.  Ова звучи убаво, во стилот на еден мотиватор каков што е Робин Шарма, но нашата реалноста не е така розова! На запад луѓето имаат соништа и не се откажуваат од нив бидејќи имаат и реални можности да ги остварат, за разлика од тука.

Кај нас мечтите и соништата како да се само за деца! Дури и за детските соништа кои можеби се наивни, но се толку убави кога на пример децата мечтаат да станат сликари, музичари, пожарникари, или што и да е...не ретко од родителите ќе слушнете, да супер, ама за жал не во Македонија, од тоа кај нас не се живее. Уште од мали на нашите деца им влијаеме што да сонуваат, а што не! Иако тоа несвесно го правиме, бидејќи детските соништа се многу наивни и нереални.

Жално е што е уште поголем бројот на млади луѓе на кои им недостигаат идеали, и порив нешто да се промени. Доколку во минатото студентите беа бунтовни по природа, револуционери, пожртвувани и анархисти, денес се како скротени мачиња пасивни и индолентни, со тенденција животот да се живее по линија на помал отпор.

А за возрасните мечтаењето како да е забрането? Еве и да прашам нешто. Колку често среќавате возрасен човек кој ќе сподели со вас, мечта, сон, нешто кое го посакувал отсекогаш, а за што сега се решава да го постигне? Јас барем ретко среќавам такви луѓе!

Причините се бројни, и за тоа сме одговорни сите ние. За повеќето од луѓето животот е како автоматизиран процес на производство, кое почнува во точно време, со предвидливи  работни задачи, со очекуван крај. Секој сака да фати некоја кривина за  полесно да му помине денот!

И така со години, без никаква желба за промена. Ништо не се сменило!

Немањето пари ни е оправдување за се, па дури и да не сонуваме. Луѓето се затворија во своите пештери, каде иако е темница и живеат примитивно, безбедни се и не се осудуваат да запалат оган, од страв дека некој може да ги види.

А само малку треба, се да биде поинаку!

Тоа не може да го промени некоја политичка гарнитура, туку секој поединец со своето дело.

А мечтите се толку убави. Соништата знаат да не вратат во живот, а не чинат пари, затоа никогаш не треба да се откажеме од нив. Тие не се само за деца! Луѓето можеби крпат од ден за ден, но тоа не треба да ги спречи да сонуваат. Бидејќи ако тоа го немаме, како да сме застанале со животот.

Сонот е силен порив кој мотивира и дава надеж и знае да поттикне нешто заборавено длабоко во нас!

Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка