11 Март, 2025
0.0380

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

Објавено во: Македонија 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска ќе има вонредна седница на Советот на која ќе одлучи за натамошни чекори поради доцнењето на мартовската плата за околу три илјади вработени во дејноста култура. 

Претседателот на СОНК Јаким Неделков на прес-конференција рече дека веројатно ќе донесат одлука за протест, иако е период на избори, а ако проблемот се продлабочи, рече, веројатно ќе донесат одлука и за генерален штрајк во установите од културата.

На прес-конференцијата, на која присуствуваа и вработени во културата, СОНК изрази незадоволство од доцнењето на платата за март која, според Општиот колективен и Колективниот договор во областа култура, вработените треба да ја примат до 15-ти односно до 10-ти во месецот.

Согласно усогласувањето на платите со минималната плата во државава, мартовската плата треба да им биде зголемена за 12 отсто. Пресметките се изготвени од установите за култура, но нема одобрување од Министерството за финансии и покрај ветувањата на ресорната министерка.

- Иако министерката излезе и кажа дека ќе нема проблем со платите, во дејноста култура сепак има проблем за исплата на мартовските плати. Проблемот датира уште од октомври лани за септемвриската плата, кога вработените во културата добија  решенија за плата со ограничена важечка  вредност. Тоа значеше дека до март ќе важат тие решенија, од март ќе се применува систематизацијата минимална плата по коефициент, не сметајќи ги во меѓувреме зголемувањето на платите за 10 проценти по основ на Општ колективен договор. Тоа ни беше јасен сигнал што може да се случи во април за мартовската плата и, еве, навистина, нашата загриженост и реакции беа оправдани во однос на тоа што Министерството за култура на чело со министерката за култура имаа план, стратегија и цел платите наместо 12,55 проценти да се зголемат само за 2,5 проценти - истакна Неделков.

Според него, веројатно Министерството за култура и не направило соодветен план за користење на средствата и, како што рече, „веројатно од таа причина Министерството за финансии не одобрува зголемени плати за над 12 проценти, толку колку што е зголемувањето на минималната плата во оваа година“.

Посочи дека имаат поведено и судски постапки во врска со промена на решенијата издадени од установите за култура, со цел, рече, „да не се случи ова што се случи со мартовската плата“.

- За жал, тврдите ветувања на министерката што беа објавени на нејзината фејсбук-страница на 1 април дека проблемот е надминат и дека не е така како што се обидуваат синдикатите да шпекулираат и воведуваат немир во членството, се чини дека тоа беше првоаприлска шега од страна на министерката и можеме да констатираме дека нивните мрачни планови за зголемување на платите во дејноста култура само за 2 проценти, се обидуваат да ги реализираат. Но, дефинитивно, СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура и ова е прв чекор со кој реагираме за да изразиме незадоволство. Но уште денеска Советот на СОНК ќе одржи вонредна седница со одлука за натамошните чекори  што ќе ги преземеме - истакна претседателот на оваа синдикална организација. 

Фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

Вреди: Поранешен кадар на Груевски ортак со Јахоски, човек од доверба на Ахмети - „деалбанизација“ е параван за страв од правосудна одговорност

Вреди: Поранешен кадар на Груевски ортак со Јахоски, човек од доверба на Ахмети - „деалбанизација“ е параван за страв од правосудна одговорност

ФИЛИПЧЕ ДО РАБОТНИЦИТЕ: ВМРО-ДПМНЕ има проблем со вас, не со синдикатот

ФИЛИПЧЕ ДО РАБОТНИЦИТЕ: ВМРО-ДПМНЕ има проблем со вас, не со синдикатот

Скопјанец уапсен за екстремно брзо возење

Скопјанец уапсен за екстремно брзо возење

ТАТКОТО НА ЈАХОСКИ СЕ ПОВИКУВАЛ НА ПРАТЕНИЧКИ ИМУНИТЕТ И НЕ ОТВАРАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА: Прв се обидел да дојде до документи и електронски уреди кои би се поврзале со спорните набавки

ТАТКОТО НА ЈАХОСКИ СЕ ПОВИКУВАЛ НА ПРАТЕНИЧКИ ИМУНИТЕТ И НЕ ОТВАРАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА: Прв се обидел да дојде до документи и електронски уреди кои би се поврзале со спорните набавки

ОВА Е ПРОЦЕДУРАТА ЗА ПРИВЕДЕНИТЕ ЗА МАЗУТОТ ДА ИЗЛЕЗАТ ПРЕД СУДИЈА НА ПРЕТХОДНА ПОСТАПКА - објаснување од ОЈО за организиран криминал

ОВА Е ПРОЦЕДУРАТА ЗА ПРИВЕДЕНИТЕ ЗА МАЗУТОТ ДА ИЗЛЕЗАТ ПРЕД СУДИЈА НА ПРЕТХОДНА ПОСТАПКА - објаснување од ОЈО за организиран криминал

ВО НАБАВКАТА НА СПОРНИ ДЕРИВАТИ, СЕ СПОМЕНУВААТ МНОГУ ИМИЊА: Блиски луѓе на Ахмети, бизнисмени....

ВО НАБАВКАТА НА СПОРНИ ДЕРИВАТИ, СЕ СПОМЕНУВААТ МНОГУ ИМИЊА: Блиски луѓе на Ахмети, бизнисмени....

„КИВАМ ПО 100 ПАТИ, ОЧИТЕ ПЕЧАТ, НОСОТ ЗАПУШЕН“: Алергиите во рана пролет стануваат неподносливи

„КИВАМ ПО 100 ПАТИ, ОЧИТЕ ПЕЧАТ, НОСОТ ЗАПУШЕН“: Алергиите во рана пролет стануваат неподносливи

СДСМ ДА СЕ ОГРАДИ ОД НАВРЕДИТЕ ИСКАЖАНИ ОД ПЕНДАРОВСКИ КОН ТРАМП: Милошоски со апел до опозицијата

СДСМ ДА СЕ ОГРАДИ ОД НАВРЕДИТЕ ИСКАЖАНИ ОД ПЕНДАРОВСКИ КОН ТРАМП: Милошоски со апел до опозицијата

БАЛКАНОТ ПРЕД НОВ МЕТЕОРОЛОШКИ ЕКСТРЕМ: Доаѓаат временски непогоди, поплави и ветрови од над 100 км/час!

БАЛКАНОТ ПРЕД НОВ МЕТЕОРОЛОШКИ ЕКСТРЕМ: Доаѓаат временски непогоди, поплави и ветрови од над 100 км/час!