18 Мај, 2024
0.0258

СОНОТ СТАНУВА ЈАВЕ: Врти кон каде сакаш за исти пари

Објавено во: Економија 10 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Google преговара за договор со Хатчисон Вампоа, сопственикот на мобилниот оператор Three, кој ќе им овозможи на Американците да ги користат своите мобилни телефони во странство без дополнителни трошоци. Двата гиганти разговараат во детали за овој договор, што ќе стане важен дел од плановите на Google за раздвижување на пазарот на мобилни услуги во САД, користејќи сопствена мрежа. Разбирливо е дека Google се стреми да создаде глобална мрежа, која ќе наплаќа подеднакво за повици, пораки и сообраќај на податоци, без оглед каде во светот се наоѓа корисникот. Договорот со Хатчисон ќе му даде пристап на Google до пазарот во Велика Британија, Ирска, Италија и уште неколку други земји, каде конгломератот од Хонг Конг поседува мобилни мрежи. Анонимни извори од компанијата тврдат дека Хатчисон е природен партнер на спроведувањето на планот на Google, бидејќи се обидува да ги отстрани роаминг трошоците за клиентите на Three. Минатиот месец Google ги објави плановите да лансира своја мобилна мрежа. Нема да гради мобилни кули, туку ќе се потпира на слични трансакции, за да користи веќе постоечка инфраструктура, како на домашниот пазар, така и во странство. Аналитичарите очекуваат Google да ја користи мрежата за да изврши притисок врз цените на најголемите мобилни оператори во САД - AT & T и Verizon, кои се имаат поголеми маржи на профит, отколку европските колеги. Покрај тоа, Google може да го користи проектот, за да ги охрабри операторите да инвестираат во нови технологии за подобрување на мобилна покриеност преку Wi-Fi мрежи. Изворите тврдат дека Google не планира да почне да нуди мобилна мрежа на британските клиенти, барем не во блиска иднина. Пазарот на европските телеком оператори е релативно конкурентен, а роаминг трошоците се на пат да бидат отстранети од регулаторите. Google и Three одбиваат да го коментираат случајот. Иако се смета дека плановите на Google се уште скромни, можноста од сериозен потег од таа страна или од страна на Apple на пазарот на мобилни услуги, предизвикува страв во телекомуникацискиот сектор. Тој веќе пружи отпор против обидите на Apple да ги отстрани SIM-картичките и да ги замени со софтвер кој им овозможува на сопствениците на iPad да ја избираат секоја достапна мрежа што ќе го ослаби односот помеѓу мобилните оператори и корисниците. Освен тоа Apple поседува патенти за технологии кои овозможуваат автоматско префрлување помеѓу најдобрите мрежи и цени - систем кој, ако почне да се користи, би можел да ја поткопа работата на мобилните оператори. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа