Добивај вести на Viber
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, најави дека ќе продолжат средбите со вработените од МЖ Транспорт, со цел да пронајде решение за блокадата на железничкиот сообраќај.
„На вчерашната средба со вработените донесовме некои заклучоци, но средбите и понатаму ќе продолжат. Јас мислам дека со дијалог се се постигнува и на тој начин ќе најдеме решение“, посочи Јанакиески.
Вработените од МЖ Транспорт незадоволни од несиплатените плати и придонеси за здравственото осигурување, вчера излегоа на штрајк, а железничкиот внатрешен сообраќај беше во прекин.
Блокадата на железницата продолжува и денеска . Од Железничката станица во Скопје потврдуваат дека по стапувањето во сила на штрајкот има целосен прекин на сообраќајот.