Добивај вести на Viber
Блокадата на граничните премини Блаце и Јажинце е завршена и сега овие два гранични премини се отворени за сообраќај за сите видови на возила. Работа на пат има на планинскиот премин Плетвар како и на Стража, информираат од АМСМ.
Поради градежните работи на на Плетвар, на патниот правец Градско-Прилеп сообраќајот се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07.00 до 17.00 часот и се очекува да завршат до средина на следната недела.
На патниот правец А2 Гостивар-Кичево на планинскиот превој Стража се изведуваат асфалтерски работи, но како што посочуваат од АМСМ, ова нема да има влијание при движењето на возилата, а работата на патот ќе се изведува во работните денови од 08 до 16 часот.
Се препорачува внимателно возање на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, а на граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.