СООБРАЌАЈКА ВО БИТОЛСКО: Загина маж од Холандија
Објавено во: Македонија 26 Април, 2019
Во сообраќајна незгода која што се случила кај Битола животот го загубил државјанин на Холандија.
58-годишен маж од Холандија со иницијали Р.В загинал вчера откако управувајќи на моторцикл се судрил со автомобил управуван од 19-годишен ресенчанец, информираат од полицијата.
Во незгодата возачот на мотоциклот Р.В., се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.