20 Мај, 2024
0.0280

Соочување со дијабетес: Како до дигестивен баланс и рамнотежа?

Објавено во: Мои пари 24 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Исхраната, начинот и изборот на производи и намирници за секого значи подобро здравје, енергичност и виталност на организмот.Но, исхраната за лицата со дијабетес претставува и живот, затоа што дијабетесот освен што се лекува доживотно, пациентите мора да применуваат и правилен начин на исхрана за да не дојде до компликации по нивното здравје.Правилниот начин на исхрана е основата во третманот на лицата со дијабетес, покрај лекувањето со инсулинска или таблетарна терапија. За таков начин на исхрана потребно е да имаат производи кои се соодветни за овој режим и воедно ги задоволуваат неопходните потреби од хранливи материи.Заради недостатокот на производи кои се погодни за нивната исхрана, лицата со дијабетес многу често се приморани да се откажуваат од намирници кои им се и тоа како потребни и корисни. Но, со развојот и достапноста на функционални производи, животот и исхраната со дијабетес се возможни без скратувања и воздржувања.

Основата на оваа исхрана е да биде балансирана со редовни оброци што се состојат од протеини, јагленихидрати, белковини, масти, храна со растителни влакна, т.н диететски влакна. Голем дел од исхраната на лицата со дијабетес се токму млечните производи кои се богати со калциум и протеини кои се неопходни за оваа исхрана. Балансираните оброци најчесто се комбинираат со јогурт со пробиотици којшто позитивно влијае врз гликозата и го подобрува здравјето.Токму пробиотиците ја имаат клучната улога во создавањето баланс во дигестивниот систем. Со својот состав што совршено одговара на исхраната на лицата со дијабетес се истакнува функционалниот јогурт со пробиотици Баланс+ затоа што го содржи комплексот Bifido Digestio. Тоа е комбинација од двете најкорисни пробиотски култури Lactobacillus acidophilus (LA) и Bifidobacterium (BB) и пребиотикот олигофруктоза.Пробиотиците создаваат баланс во дигестивниот систем и на тој начин ја подобруваат неговата работа и ги олеснуваат проблемите во дигестивниот тракт, додека пребиотикот олигофруктоза е храна за пробиотиците што го засилува дејството на пробиотиците.

Претседателот на Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Северна Македонија, Димче Велев, истакнува дека функционалниот јогурт Баланс+ како единствен клинички испитан јогурт доведува до дигестивен баланс и рамнотежа во организмот кај лицата со дијабетес.

„Придржувањето до диетската исхрана е најважниот дел од третманот во лекувањето на лицата со дијабетес, помага во регулирање на нарушената размена на материите во организмот и доведува до нормализација на гликемијата во организмот. Баланс+ е потребен секој ден во планот за исхрана кај сите лица со дијабетес. Редовното консумирање на овој јогурт овозможува дигестивна рамнотежа, ја намалува подуеноста, содржи потребни витамини, калциум и протеини важни за правилно функционирање на метаболизмот“, посочува Велев.

При соочување со дијабетес, како едни од најважните чекори што треба да се преземат е да се имаат сите сознанија за заболувањето, едукација за состојбата и последиците, како се одвива лекувањето, но и каква храна е потребно секојдневно да се внесува за одржување на гликемискиот индекс во границите на нормалата.

Токму од овие причини,Бимилк заедно со Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Северна Македонија спроведува едукација на членствотоза потребните промени во исхраната кај лицата заболени од дијабетес, за тоа каква и колкава е потребата од млечните функционални производи со пробиотски култури, протеини и калциум во секојдневната исхрана и колку е важно да бидат вклучени во секојдневното мени.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО