Добивај вести на Viber
Со околу 750 илјади парчиња подмладок на охридската пастрмка денеска се порибуваше Охридското езеро.Рибата беше пуштена во реонот кај Подградец, а од страна на риболовното друштво од овој град и албанското министерство за животна средина.
Како што пренесе агенцијата „Балкан веб“, пастрмката се смета за укинатен вид во Охридското Езеро кој се истребува поради неконтролираното ловење. Според Адриатик Доколари, претседател на риболовното друштво од Подградец, нелегално се лови секој ден, а резервите се на критично ниво.
Како што додава тој за агенцијата, цената расте и од 70 евра за килограм, па и повеќе.
„Не ретко сопствениците на ресторани ги лажат посетителите, па наместо охридска им служат друг вид пастрмка“, вели Доколари кој смета дека државата до сега не интервенирала за надминување на овој проблем.
Ловењето на пастрмката на македонската страна на езерото се контролира. Цената на килограм охридска пастрмка во рестораните во Охрид е околу 2000 денари. Од другата страна на езерото пак, во селата пред
Поградец, пастрмка се јаде во просек за околу 500 денари за порција.