СОРОС ИМА ПЛАН: Ќе тргува со криптовалути
Објавено во: Економија 08 Април, 2018
Милијардерот и инвеститор Џорџ Сорос ќе почне трговија со криптовалути. Адам Фишер кој го контролира макро инвестирањето во Сорос фондацијата, добил интерно одобрување за трговија со виртуелните пари.
Сорос неодамна на Светскиот економски форум во Давос изјави дека „виртуелните пари не може да делуваат како вистинска валута поради високата нестабилност“. Според Сорос, „се додека има диктатура во подем, ќе има и различни решенија, па властите во таквите земји ќе се свртат кон биткоинот“. По ваквите негови изјави, биткоинот ја намали вредноста за 41 отсто. Падот кој се случи последните неколку месеци мотивираше голем број инвеститори да ги преиспитаат своите ставови за криптовалутите.