Соседите ќе имаат 500 евра просечна плата, но под еден услов
Објавено во: Економија, Балкан 02 Април, 2018
До крајот на годината Србите ќе имаат 500 евра просечна плата, но услов е да има политичка стабилност, најави српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Тој рече дека имаат економски раст, суфицит, и простор за вложување.
Но, Вучиќ вели дека растот и развојот нема да го одржат доколку имаат политичка несигурност.
Како позитивно истакнал дека имаат поголеми странски вложувања од Хрватска.
„Се наоѓаме меѓу чеканот и наковалната и каде и да удрите ќе се каете“- вели Вучиќ.
Рече дека економски им оди добро и полесно, но нема да биде така ако не ги решат политичките проблеми.
Во политичка смисла Вучиќ вели дека ги чекаат тешки времиња.