17 Март, 2025
0.2439

„СОСТОЈБАТА НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ Е ТЕШКА, СО ИЗГОРЕНИЦИ ПО ТЕЛОТО“: Д-р Димитров од Бугарија за дел од пациентите во болницата во Софија

Објавено во: Македонија 17 Март, 2025 09:16

Добивај вести на Viber

Осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, пренесуваат тамошните медиуми.

Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година.

- Состојбата на сите пациенти е тешка, со изгореници на телото, горните екстремитети и лицето, како и на горните и долните дишни патишта, што дополнително ја комплицира нивната здравствена состојба - кажа д-р Димитров.

Потоа дополни дека тројца од пациентите се интубирани, додека за останатите ќе биде направена дополнителна медицинска проценка и терапевтски план.

- Ќе биде направено сè што е потребно, болницата располага со сите неопходни ресурси - нагласи тој.  Додаде дека сите пациенти биле донесени во тешка состојба на термички шок, што е сериозна закана за организмот, независно од брзината на лекарската интервенција.

Центрите за снабдување со крв во Софија, Пловдив и Стара Загора одговорија на потребите на болницата за крв, но д-р Димитров упати апел дека крводарувањето не смее да запре и останува постојана потреба.

- Сега претстојат средби со семејствата на пациентите кои беа транспортирани од Кочани - додаде тој.

Шест други повредени лица се примени во Воената болница во Варна и во болницата „Св. Георги“ во Пловдив.

Бугарија презеде обврска да прими 14 лица на лекување. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Тошковски ги брани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес

Тошковски ги брани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес

(ВИДЕО) Посебни гробни места во Кочани

(ВИДЕО) Посебни гробни места во Кочани

Најчевска: Уапсен продавачот на билети!

Најчевска: Уапсен продавачот на билети!

За утре закажан протест во Скопје

За утре закажан протест во Скопје

Каменувана куќата на градоначалникот Папазов

Каменувана куќата на градоначалникот Папазов

Бектеши пред суд, Максути во притвор

Бектеши пред суд, Максути во притвор

Коцевски: Градоначалникот на Кочани дава изјава во Обвинителството

Коцевски: Градоначалникот на Кочани дава изјава во Обвинителството

ВУЧИЌ ДО БОЛНИЧКИОТ КРЕВЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЦИЕНТ: „Секогаш за нашите браќа и сестри од Северна Македонија“

ВУЧИЌ ДО БОЛНИЧКИОТ КРЕВЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЦИЕНТ: „Секогаш за нашите браќа и сестри од Северна Македонија“

Крмов: Дали власта распореди полиција околу Собранието?

Крмов: Дали власта распореди полиција околу Собранието?