Совет плус: Како да бидете подобар пријател?
Објавено во: Стил 21 Ноември, 2014 18:10
Пријателите се оние кои секога се тука за нас. Без разлика колку време поминуваме со нив секогаш треба да внимаваме на следниве неколку работи:
1. Одвојте време за пријателите.
Блискоста се создава со контакти, средби, разговори. Некои пријателства се толку силни, што можат да претрпат и долга одвоеност, но повеќето не се такви. Доколку ви значи нечие пријателство, одвојте време за таа личност и јавете и се одвреме –навреме и излегувајте, па макар и еднаш неделно.
2. Добриот пријател не ги напушта своите пријатели доколку им се случат некакви промени.
Можеби вашата пријателка или вашиот пријател има нов партнер, а вие сте сеуште сингл? Тоа не значи дека не треба да не излегувате со нив (секако доколку се однесуваат пристојно во друштво, зошто и не е баш пријатно да бидете канделабра, нели?).
3. Немојте да бидете товар за вашите пријатели.
Тие се тука да ве ислушаат, да ви пружат поддршка и да дадат совет, но не се тука да им ги пренесувате ама баш сите проблеми и нервози и да ви ги исцрпат силите.
4. Бидете добар слушател. За момент заборавете на себе и посветете се на решавањето на тој “смртно важен“ проблем за вашиот пријател. Проценете ја емотивната состојба на пријателот и запомнете- не треба секогаш да давате објективно мислење. Колку пооптимистички гледате на работите, толку подобро ќе му биде на вашиот пријател (добро, има ситуации во кои ова не важи, секако).
5. Застанете на страната на вашиот пријател и кога не е тука да се одбрани. Често пати ни се случува да присуствуваме на озборувања, па посебно за некои блиски личности. Не се вплеткувајте во таквите разговори, гледајте комплетно да ги избегнувате, но доколку немате каде, а некој зборува лошо за вашиот пријател, застанете на страната на пријателот и не дозволувајте било кој да зборува се и сешто за него
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





