06 Декември, 2025
0.0336

СОВЕТИ: Како да станете милионер?

Објавено во: Стил 16 Август, 2014 11:14

Добивај вести на Viber

Дали некогаш сте се запрашале зошто некои луѓе се богати, а не се ништо попаметни или повеќе работливи од останатите? Дали имале подобри врски, можеби наследиле пари од родителите или влегле во некоја „сива зона“? Иако веројатно има и такви кои искористиле на овој начин, сепак повеќето го создале богатството со сопствени сили и тоа на многу едноставен начин, пишува „Бизнисинсајдер“, објавувајќи неколку начини како да се следи нивниот пример. Повеќето луѓе работат за пари. Во случајот на богатитте луѓе - парите работат за нив Додека повеќето луѓе го менуваат своето време за пари и не инвестираат, богатите луѓе размислуваат поинаку. Тие наместо да го менуваат времето за пари, го инвестираат за да добијат повеќе. Кога ќе пронајдат добра инвестиција, ги вложуваат своите пари, а откако доволно пати ќе ја повторат оваа постапка - се збогатуваат. Сами создаваат свои правила Додека стратегијата на работникот бара многу време и труд без создавање на сопствени правила, стратегијата на претприемачот е сосема поинаква. На претприемачот му треба многу помалку време и труд и тој сам си ги смислува правилата по кои работи. Звучи одлично, зарем не? Ако се звучи така едноставно, зошто сите не се богати? Ставот кон парите се менува од колено на колено и често е наследсво на културата или пријателите. Ако вашите родители се посиромашни, веројатно и вие ќе бидете такви, а ако се богати и вие имате можност да бидете богати. Луѓето се држат до уверувањата според кои биле воспитани. Каков татко, тасков син На пример, ако вашиот татко цел живот работел за некој друг и вас веројатно ве чека истата судбина. Ако вашата мајка имала сопствена компанија, веројатно и вие ќе имате. Едниставно се држиме до она што ни е познато, дури и без да размислуваме за тоа. Листата на Форбс кажува се! Издвоете малку време и погледнете ја листата на најбогати на Форбс. Една ставр им е заедничка - меѓу нив нема вработени. На листата нема најдобри светски хирурзи, па дури ниту најдобри адвокати. Сите најбогати луѓе на светот се бизнисмени, а не работници - тие инвестираат за парите да работат за нив.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: