14 Мај, 2024
0.0257

Совети за дами: Хеланки – зошто не е добро да се носат?

Објавено во: Стил 19 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Носењето на хеланки предизвикува “мрзливи“ мускули и ги остава нозете и стомакот олабавени.

Хеланките се чест избор на голем дел од женската популација, бидејќи со нив брзо и едноставно го надополнувате вашиот изглед, веќе подолг период се во мода, а и со нив лесно се прикриваат целулитот и недепилираните нозе.

Сепак, приврзаничките на овој моден тренд можеби ќе се разочараат поради фактот што летото е на прагот, па ќе мораат да се одвојат од својот омилен пар хеланки.

Експертите предупредуваат дека носењето хеланки може да ги претвори мускулите во “мрзливи“ и да ги олабави мускулите на нозете и на стомакот.

Физиотерапевтката Семи Марго вели: “Хеланките се пријатни за носење и добро изгледаат, а и јас како и сите жени сум зависна од нив, но носењето хеланки има свои негативни страни.

Тие ги стегаат и поддржуваат квадрицепсите на бутините, задникот и мускулите од долниот дел на стомакот, па ја преземаат задачата на мускулите.

Како резултат на тоа, мускулите се релаксираат и не ја вршат својата задача и кога ќе дојде летото и ќе ги соблечеме хеланките ќе видиме дека нозете и стомакот веќе не ни се цврсти и веќе не сме витки како порано.“

Проблемот се провлекува и понатаму бидејќи тие што ги носат хеанките не се грижат за своите нозе како што инаку би се грижеле за нив.

Хеланките ги кријат деловите од нашето тело кои не ни се допаѓаат, како што е целулитот или разлабавениот стомак, па можеме да го занемариме проблемот и не сме доволно мотивирани да вежбаме.

Од 2006 година, па наваму, хеланките со ликра се моден хит и денес може да се набават буквално во секаква боја и со секаков дезен. Сепак, имаме и добри вести- можете повторно да ги зајакнете мускулите на нозете и стомакот со помош на вежбање. Можеби е добро уште сега да прекинете да ги носите хеланките, ако сакате да изгледате убаво на плажа, советува физиотерапевтката Семи Марго.