06 Декември, 2025
0.0309

Совети за справување со стомачни проблеми

Објавено во: Стил 20 Јуни, 2014 19:42

Добивај вести на Viber

1. Не јадете пребрзо

Џвакајте бавно и џвакајте добро, затоа што на тој начин помалку воздух ќе навлезе во желудникот. Исто така, не мешајте премногу различни видови храна. 2. Храната треба да има соодветна температура

Јадењата не треба да бидат премногу жешки, ниту пак недоволно термички обработени. 3. Никогаш не го преполнувајте желудникот

Секогаш кога станувате од јадење треба да имате чувство дека можете да изедете уште. 4. Не вечерајте предоцна

Имајте полесна вечера, барем два до три часа пред легнување. 5. Негативните емоции го блокираат метаболизмот

Не јадете кога сте загрижени, уморни или нерасположени, затоа што негативните емоции го спречуваат излачувањето на дигестивните течности. 6. Внимавајте на внесот на течности во телото

Можете да пиете половина час пред оброк и еден час по него. За време на оброкот препорачливо е да пиете единствено млеко, маштеница или растителна супа. 7. Избегнувајте алкохол, кафе, црн чај и засладени пијалаци

Кога сте соочени со болки, откажете се и од: сенф, оцет, конзервиран зеленчук, компири и месо. Јадете повеќе сочна храна и најмалку што можете сува храна. Ладните пијалаци се забранети. 8. Отидете на преглед

Проверете дали причината за Вашата диспепсија е нетолеранцијата на лактоза. 9. Внимавајте на телесната тежина

Диспепсијата може да настане и како последица на емотивен или физички стрес и прекумерна телесна тежина. 10. Вежбајте

Редовната физичка активност спречува појава на повеќе видови болести, вклучително и диспепсија. 11. Што да направите кога имате болки?

Ако проблемот не е од органска природа (бактериска инфекција, ранички, чиреви итн.), можете да започнете со рестриктивна диета. Ако проблемите продолжат и понатаму, треба да се консултирате со матичниот лекар кој ќе Ви препише терапија. 12. Што да јадете?

Најдобро е да јадете овошје, затоа што ги елиминира несварените остатоци од храна. Најефикасни се лимоните, потоа грозјето, грејпрфут, ананас, портокал, јаболка и круши. Можете да си исцедите сок и да го измешате со мед. Грицкајте моркови, јадете малку обарен зеленчук и јадете маштеница, јогурт и сирење. 13. Пијте чај

Сварете си чај од пеперминт или камилица, со мед и лимон. 14. Користете зачини

Зачинете ја храната со ѓумбир, коријандер, бибер или рузмарин. 15. Рецепти што ја олеснуваат мачнината

Сок од калинка со бибер и крупна сол; -Маштеница со крупна сол и печени семки од кумин; -Сок од четврт зелен лимон, чашка млака вода и половина кафена лажичка сода бикарбона; -Свеж сок од ананас, малку ѓумбир, бибер и половина кафена лажичка шеќер.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: