Советот за реформи во судството разгледуваше два многу важни закони
Објавено во: Македонија 05 Април, 2018 08:59
Популарно наречениот Совет за реформи во правосудството кој го предводи премиерот Заев ја одржав својата втора седница на која ги разгледа предлозите за измените на законите за судии и судски совет при што се укажани повеќе забелешки.
Членовите на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор своите дебати на втората седница ја насочија кон Предлог – Законите за судовите и за Судскиот совет, за кои што заменик-министерот за правда, Оливер Ристевски, појасни дека веќе в среда, после празниците, пратениците во Собранието на РМ ќе расправаат по предложените измени.
Во дискусиите на членовите на Советот акцент беше ставен на предложените законски одредби кои се однесуваат на одговорноста на судиите, како и на предложените членови во предлог законот кои се однесуваат на нивната заштита, а се со цел да се постигне што поголема независност на судството и враќање на дигнитетот на судиите.
Заложбите на членовите на Советот за реформи е во склад со извештајот на Прибе, а во кој се сугерира судиите да се оценуваат исклучиво врз основа на донесените пресуди.
Членовите на советот имаа одредени забелешки и за Предлог-Законот за Судски совет на Република Македонија.
На вчерашната, втора седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, присуствуваа и претставници на ОБСЕ кои најавија нивно редовно присуство и поддршка и во наредниот период.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




